Турски печат 21.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1625250
Турски печат 21.04.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Шведскиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни работи“, пишува дека амбасадорот на Шведска вчера беше повикан во Министерството за надворшени работи и по остварените разговори на шведската министерка за надворешни работи Ан Линде со терористичките елементи беше жестоко осуден и разговорот преку видео-конференција што го одржа шведскиот министер за одбрана Петер Хлтгвист со терористичките челници. Притоа од страна на Министерството за надворешни работи му беше нагласено на шведскиот амбасадор дека ќе продолжи со одлучност борбата на Турција против терористичките организации ДЕАШ и ПКК.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Донмез: Гасот од Црното Море ќе стаса за 2023“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој во дадената изјава вчера истакна дека продолжуваат работите за да стаса до 2023 година (на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката), првата фаза на откриениот природен гас во Црното Море.

„Соопштени статистичките податоци за бројот на децата во 2020 година“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги сподели статистичките податоци во врска со децата за 2020 година. Според тоа, бројот на децата во Турција, заклучно со крајот на минатата (2020) година изнесува 22 милиони 750 илјади 657 или изразено во проценти 27,2 отсто од целокупното население, кое брои 83 милиони 614 илјади 362 лица.

Весникот „Стар“ во веста под наслов: „Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ги замолкнаа оружјата во земјата! Беа приморани да постигнат прекин на огнот“, информира дека шпанскиот весник „Ел Периодико“ објави напис во кој се истакнува дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ја променија природата на војување. Во написот се вели дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) заедно со противавионски и воздушно одбранбени системи од руско производство неутрализираа и голем број тенкови на Асадовиот режим, по што следеше прекин на огнот во Сирија.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Сулејман Атли на Европското првенство во борење освои златен медал“, информира дека турскиот борач Сулејман Атли во категоријата до 57 килограми во слободен стил на Европското првенство во борење го победи својот руски противник Начин Монгуш и освојувајќи го првото место се закити со златен медал. 

 



Слични вести