Турски печат 20.04.2021

Денешните турски весници опширно известуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1624576
Турски печат 20.04.2021

 

Новинскиот веб портал  „Хабер Турк“ во веста под наслов „Важни изјави од портпаролот на АК Партијата Омер Челик“ истакнува дека портпаролот на Партијата за правда и развој Омер Челик, го критикуваше односот на Грција кон бегалците и рече: „Грчките крајбрежни стражи истурајќи бензин врз бегалците се обидоа да ги запалат и да извршат масакр. Како што тоа го направија српските касапи, како што тоа го направија во Руанда. Да не беа нашите херојски војници, тие Медитеранот ќе го претвореа во гроб за сите бегалци. Вие прво својата демократија спасете ја од водите на Медитеранот, а потоа разговарајте“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Развиена за Турските вооружени сили, светот беше восхитен! Доби целосни оценки“ истакнува дека балистичката заштитена контејнер база за команда и контрола, која беше развиена за потребите на турските вооружени сили и може да се постави за 15 минути, беше поздравена и доби целосна оценка за време на вежбата на НАТО. Базата им служи на безбедносните сили со своето високо ниво на заштита, разузнавачка инфраструктура и мобилност.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Стапката на обновлива енергија принудува на 100 отсто“ ја објавува изјавата на Фатих Донмез, министер за енергија и природни ресурси, кој рече дека стапката на обновлива енергија во инсталираната моќ принудува 100 %. 97,9% од нашата инсталирана моќност, која беше активирана во првите три месеци, се состои од обновливи извори на енергија“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Руските туристи се одлучни летните одмори да ги поминат во Турција“ ја објавува изјавата на претседателката на здружението на руски тур-оператори (АТОР), Маја Ломидзе која рече дека поради прекинот на летовите од Русија за април, мнозинството руски туристи не ги променија своите резервации да одат на одмор во Турција во април и мај месец и дека се очекува да дојдат на други датуми во Турција.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „ТФФ: Неприфатлива е иницијативата за Европска Супер лига“ го објавува соопштението на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) во кое беше истакнато дека со голема загриженост го следат развојот на случувањата во врска со иницијативата за формирање Лига на шампиони (Супер Лига) од страна на некои ервопски клубови, поради што сметаме дека оваа иницијатива е неприфатлива и бесмислена бидејќи ќе предизвика голема опасност за иднината на светскиот фудбал.



Слични вести