Турски печат 19.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1623771
Турски печат 19.04.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Меѓународна конференција за настаните од 1915 година“, информира дека утре преку интернет ќе се одржи „Меѓународна конференција за настаните од 1915 година“ во организација на одделот за комуникации на претседателството, а со цел разгледување на планот на историската позадина на настаните од 1915 година, нивната правна димензија и нивното селектирање на денешницата.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Варанк: Се наоѓаме на најнапредно ниво во светот во ВЛП вакцината“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој стана доброволец и се вакцинира во рамките на првата фаза од испитувањата врз луѓе на домашната ВЛП вакцина којашто се базира на честички слични на вирус. Министерт Мустафа Варанк, велејќи дека оваа вакцина нема било каква нуспојава, го рече следното: „Нашата основа за развој на вакцина е силна. Во ВЛП вакцината се наоѓаме на најнапредно ниво.“

„Голема награда за ТОГГ“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG) со својот модел Ц-СУВ (C-SUV) стана првиот бренд кој доби награда во светски познатото списание „iF Design Award 2021“, во сферата на автомобилите од Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Истанбулскиот Аеродром не ја остави лидерската позиција во Европа“, информира дека според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за воздушен сообраќај, Истанбулскиот Аеродром со остварени 604 летови на 14 април го зазеде првото место меѓу аеродромите во Европа.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Директни летови од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за Бодрум и Трабзон“, пишува дека Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти дека ќе започне директни летови за Трабзон и Бодрум. Летовите за Трабзон ќе се остварат 3 пати во неделата, а летовите за Бодрум (Мугла) 2 пати во неделата. 

 



Слични вести