Турски печат 16.04.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1622345
Турски печат 16.04.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со Егиипет“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече дека на покана на Египет, на почетокот на мај, делегација од Турција ќе замине во посета на оваа земја. Чавушоглу изјави дека е договорено каналот отворен меѓу двете земји со посредство на разузнавачките служби, да продолжи преку министерствата за надворешни работи.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Повик од Зеленски до своите граѓани во врска со Турција“ истакнува дека украинскиот претседател Владимир Зеленски заблагодарувајќи му се на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за поддршката на Украина, рече: „Важно е тоа што претседателот Ердоган да ја поддржи Украина, особено нашите привремено окупирани територии и Крим“. Зеленски исто така упати повик до своите граѓани на одмор да заминат во Турција.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Туристичките агенции од јуни очекуваат голема побарувачка од руските туристи“ ја објавува изјавата на претседателот на Асоцијацијата на туристички агенции на Турција (ТУРСАБ), Фируз Баглика кој рече дека почнувајќи од јуни од Русија очекуваат да има голема побарувачка за Турција и сезоната ќе продолжи до есен вклучувајќи ги октомври и ноември.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Боинг 737-MAX на Туркиш ерлајнс, по две години го оствари своето прво патување“ истакнува дека Туркиш ерлајнс (ТХЈ), откако ги добија потребните одобренија за летови од страна од националните и меѓународните воздухопловни власти, авионот од типот Боинг 737 МАКС со регистрираната опашка на ТЦ-ЛЦА, својот прв лет по две години го оствари за главниот град Анкара.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Државната управа за аеродроми (ДХМИ) е прва во Европа во услугата за воздушен сообраќај“ истакнува дека според објавените податоци на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), Центарот за воздушен сообраќај на Државната управа за аеродроми (ДХМИ) се рангираше на првото место, во првите три месеци од оваа година, надминувајќи ги водечките центри за контрола на летање во Европа.



Слични вести