Турски печат 15.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1621610
Турски печат 15.04.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Младите прашуваа, претседателот Ердоган одговораше“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Народната библиотека во склопот на претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, во рамките на манифестацијата „Библиотекарски разговори“, одговараше на прашањата на младите. Претседателот Ердоган во врска со проектот Канал Истанбул го рече следното: „Овде придаваме дело со коешто целосно ја воспоставуваме нашата независност, нашата сувереност.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјава од Чавушоглу за Египет“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава вчера го рече следното: „Почнува нов период во односите со Египет, може да има и обострани посети и разговори.“

„Шефот за комуникации Алтун: Вилдерс ги претставува екстремизмот, расизмот, насилството и фашизмот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека дека шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, покажа реакција против споделената објава на лидерот на екстремно десничарската Слободарска партија на Холандија Герт Вилдерс, кој го употреби изразот „Сопрете го исламот и Рамазан.“ Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Бесчувствителниот Вилдерс ги претставува екстремизмот, расизмот, насилството и фашизмот. Исламот ги осудува екстремизмот, насилството, расизмот и фашизмот. Сопрете го расизмот!“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Нивната крв не остана на земјата! Убиен терорист од портокаловата категорија“, им одделува место на изјавите на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој информира дека се неутрализирани двајца терористи членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои еден од списокот на барани терористи од категоријата со портокалова боја, а од чија страна во градот Дијарбакир беа убиени (станаа шехиди) 5 мина граѓани и еден припадник на жандармеријата. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер разговараше со началникот на Генералштабот на САД генерал Марк Мејли“, пишува дека началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер вчера оствари телефонски разговор со началникот на началникот на Генералштабот на Соединетите Американски Држави (САД) генерал Марк Мејли. Во телефонскиот разговор беа разменети мислења во врска со актуелни случувања.

 



Слични вести