Турски печат 13.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1619999
Турски печат 13.04.2021

Весникот “Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Нашата поддршка на Либија ќе продолжи“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по потишаните бројни договори помеѓу Турција и Либија, вчера во Анкара одржа заедничка прес-конференција со либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе кој допатува во посета на Турција заедно со голем број министри. Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека поддршката којашто и се дава на Либија ќе продолжи и рече: „Записникот за соработка што го потпишавме со Либија за сферите на надлежност во морето, ги зеде под гаранција националните интереси и иднината на двете земји.“ 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава од Египет во врска со Турција“, им одделува место на изјавите на египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри кој истакна дека неговата земја посакува да воспостави односи со Турција во усогласеност со дијалогот и правилата на меѓународното право што ќе биде во полза и на двете страни.

„Познати најсилните армии на светот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека од страна на „Global Firepower“ (Глобална моќност) со седиште во Соединетите Американски Држави (САД) којшто секоја година го објавува редоследот на глобална моќ земајќи ги притоа под лупа воените сили на државите во светот, го сподели списокот на воените сили т.е. најсилните армии на светот. Турските вооружени сили (ТВС) особено со технологијата на беспилотни летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА) што ја развија во последните години, оваа година се најдоа на 11-то место во светот.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Хурџет се подготвува за монтажа“, информира дека Турската компанија за воздухопловство и вселенска индустрија (ТУСАШ), со завршување на критичниот дизајн на интензивен начин премина на производство на детални делови за домашниот џет авион за обука „Хурџет“ (Hürjet). На крајот на годината се има за цел да се започне со работите за монтажа на турскиот млазен авион наменет за обука „Хурџет“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс не го остава лидерството во Европа“, пишува дека според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови во неделата 4-11 април, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по просечно 779 летови ја продолжува лидерската позиција во Европа, оставајќи ги зад себе своите европски ривали.

 



Слични вести