Турски печат 12.04.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1619274
Турски печат 12.04.2021

 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Објаснување за Донбас од Турција“ ја објавува изјавата на портпаролот на претседателството Ибрахим Калин кој рече дека Турција го брани територијалниот интегритет на Украина, потенцирајќи дека сите видови на тензии и конфликти во Црното Море и регионот ќе бидат на штета на сите. Портпаролот Калин подвлече дека „Турција ги брани правата на Кримските Татари и ги подржува напорите за решавање на проблемите меѓу Русија и Украина по пат на преговори“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција оди чекор по чекор кон Месечината“ истакнува дека националниот и автентичен хибриден ракетен мотор што може да се користи во беспилотно летало што се планира да биде испратено на Месечината во 2023 година во рамките на Националната вселенска програма, успешно го помина тестот на палење. СОРС е еден од најголемите ракетни системи во Турција и овој хибриден ракетен мотор има најнапредна технологија во светот. Еден пример наракетниот мотор ќе се лансира во мај од Синоп.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Вселенска понуда од Русија“ ја објавува изјавата на рускиот амбасадор во Анкара Алексеј Ерхов кој рече дека го согледуват интересот на Турција за истражување на вселената. „Честитки за нашите соседи што ја започнаа своја вселенска програма. Веруваме дека истражувањата на Турција во вселената, ќе придонесат за глобалните студиие што се спроведуваат и нашата земја е отворена за соработка во областа на вселенските активности“ рече рускиот амбасадор.

Весникот “Јени шафак“ во веста под наслов „Турција во првите 10 во светската лига на здравствениот туризам“ истакнува дека според податоците на списанието „Форбс“, здравствениот туризам е еден од секторите што оствари висок раст во 5-годишната проекција. Обемот на трансакција на секторот секоја година просечнос е зголемува за 24 отсто. Турција е меѓу првите 10 земји во светот во областа на здравствениот туризам.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Првиот авион со руската туристичка група слета на аеродромот во Мугла“ истакнува дека авионот, кој со 212 патници полета од главниот град на Русија, Москва, синоќа слета на аеродромот Милас кај Бодрум. Туристичката група, која се симна од авионот, по неопходните процедури го напушти аеродромот и замина за Бодрум, каде ќе го помине одморот. Оваа сезона се очекува зголемување на меѓународните летови во споредба со минатата година.



Слични вести