Турски печат 09.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1617736
Турски печат 09.04.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава од претседателот Ердоган во врска со домашната вакцина“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги даде вчера на одржаниот 10. Самит на Организацијата на осум земји во развој (Д-8). Претседателот Ердоган во врска со домашната вакцина којашто се развива против новиот тип короновирус го рече следното: „Ние како Турција нашата домашна вакцина чии тестирања врз луѓе ги реализираме, ќе му ја понудиме (ставиме на услуга) на целото човештво со принципот 'никој да не биде изоставен'.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг: Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ја принудија германската армија да преземе мерки“, информира дека едниот од водечките германски весници „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ напиша дека вестите во врска со уништувањето на повеќе од 190 ерменски тенкови и окопни возила од страна на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) кои ги корестеше  Азербејџан во војната во Карабах, станаа причина за шок кај германската армија. Во објавената статија на „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ се истакнува дека овие успеси на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ја принудија германската армија да преземе мерки.

„Извоз на чај од Турција во 95 земји“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека остварениот извоз на чај од Турција во периодот јануари-март 2021 година во 95 земји во светот, во споредба со истиот тримесечен период на количинска база забелажа раст од 23 отсто, а на вредносна база раст од 33 отсто. Од остварениот извоз на турски чај се заработени девизни приходи во износ од 5 милиони 124 илјади долари.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Промовирање од Ла Лига за Ел Класико со снимки од Кападокија“, пишува дека Првата шпанска фудбалска лига позната како „Ла Лига“ во 30-то коло од натпреварите пред мечот „Ел Класико“ помеѓу двата најголеми ривали Реал Мадрис и Барселона што ќе се одигра на 10 април, во сабота (утре), објави видео коешто содржеше снимки од познатиот туристички центар Кападокија. На снимките се гледа како на балоните со топол воздух во Кападокија, едниот од значајните туристички центри на Турција, во придружба и на онаа извонредна панорама на конусните камени форми наречени „Самовилски оџаци“, се поставени и се виорат знамињата на Реал Мадрид и на Барселона.   

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Се одржува 20-от турски филмски фестивал во Бостон“, истакнува дека од 15 до 30 април ќе се одржи 20-от турски филмски фестивал во Бостон во Соединетите Американски Држави (САД) во чии рамки се наоѓаат избрани примери од турската кинематографија. На фестивалот којшто поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се одржи онлајн, преку интернет, ќе бидат прикажани пред американските гледачи примери од современата турска кинематографија.

 



Слични вести