Турски печат 07.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1616278
Турски печат 07.04.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјава од Калин по значајната средба со ЕУ“, им одделува местo на изјавите на портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој информира дека средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комија (ЕК) Урсула фон дер Лејен во Анкара во основа помина во позитивна атмосфера. Калин истакна дека претседателот Ердоган изнесувајќи ја перспективата на Турција во врска со иднината на односите со Европската унија (ЕУ) појасни дека конечната цел на процесот на Турција кон ЕУ е полноправно членство.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „ЕУ самит во Куллијето“, пишува дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по средбата со претседателот Ердоган изјави дека „Европската унија (ЕУ) е подготвена да понуди конкретна агенда за зголемување на економската соработка (со Турција) и миграцијата и интензивирањето на врската меѓу народите.“ Претседателката на Европската комија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, рече дека „Разгледувајќи ги постоечките тешкотии во врска со применувањето на Царинската унија ќе работиме за нејзино ажурирање.“

„Вест со пофалба од Блумберг“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека економскиот весник „Блумберг“ со седиште во САД објави вест во која се вели дека во позадината особено на постигнатиот успех на Азербејџан во Нагорно Карабах се наоѓаат наоружаните беспилотни летала (СИХА) на Турција. Во веста на весникот „Блумберг“ се вели следното: „Наоружаните беспилотни летала на компанијата Бајкар 'СИХА ТБ 2' ја променија судбината на судирите во Либија и Азербејџан.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Целиот свет ќе може да купува преку адресата turkishsouq.com“, им одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфранструктура Адил Караисмаилоглу кој истакна дека  преку платформата „turkishsouq.com“ е дојдено во положба да се остварува извоз на производи во 47 земји, од Велика Британија до Италија, од Шведска до Португалија, од Русија до Австралија и од Канада до Бразил. Министерот Адил Караисмаилоглу рече: „Обезбедено е да му бидат понудени на светскиот пазар приближно 300 илјади наши производи.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Истанбулскиот Аеродром со 17 илјади летови на врвот на Европа“, информира дека според споделениот извештај на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за воздушниот сообраќај во периодот 01-31 март, од Истанбулскиот Аеродром се остварени 17.407 летови. На тој начин Истанбулскиот Аеродром се најде на врвот на Европа.

 



Слични вести