Турски печат 05.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1614717
Турски печат 05.04.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган ќе и се обрати на нацијата“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе одржи состанок во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара на кој ќе биде направена проценка на состојбата. По состанокот, претседателот Ердоган се очекува да и се обрати на нацијата. Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува и на состанокот на Централниот одлучувачки управен одбор (MKYK) на неговата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

„Јени Шафак“ во веста под наслов „Неутрализирани терористи кои се подготвувале за напад“, пишува дека турските безбедносни сили во штрек продолжуваат да ја извршуваат својата задача во областите кои со реализираните прекугранични операции се исчистени од тероризмот. Терористи за кои е установено дека се обиделе да се префрлат и се подготвувале за напад, се неутрализираат од страна на елементите на Турските вооружени сили (ТВС) кои се на задача во областа и ги следат во момент овдешните случувања. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Радосна вест во врска со домашниот лек против коронавирусот“, информира дека до крајот на годината ќе заврши производството на домашниот лек против Ковид-19 чии студии продолжуваат на Анкарскиот универзитет, по што ќе бидат ставени во употреба стотици илјади дози од овој лек.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Чавушоглу: Договорот од Монтре и Канал Истанбул се различни“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека досега нема било каков притисок кон Турција по прашањето на проектот Канал Истанбул и рече дека Договорот од Монтре нема да влијае на Канал Истанбул, а воедно и Канал Истанбул нема да има влијание на Договорот од Монтре. Осврнувајќи се и на прашањето на валидноста на Монтре откако ќе биде изграден Канал Истанбул, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Доколку трговските бродови коишто ќе поминуваат низ Истанбулскиот морски теснец (Босфорот) ги принудиме и усмериме за премин низ Канал Истанбул, тогаш би можело да се појави дискусија.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Курум: Ќе го изградиме Канал Истанбул“, им одделува место на изјавите на министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум кој истакна дека ќе биде изграден Канал Истанбул со кој ќе бидат поврзани Црното Море и Егејското Море и дека во тоа сега постои многу поголемо верување од било кога досега. Министерот Мурат Курум потсети на зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги изрече за проектот Канал Истанбул „Со инает ќе го направиме“ и истакна дека проектите за коишто сметаат дека ќе бидат за доброто на земјата и народот еден по еден ќе продолжат да ги преобликуваат во дела.

„Турција ќе стане логистички центар“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој истакна дека Канал Истанбул ќе го доведе Истанбул во положба на град кој ќе биде во фокусот на светската трговија, а воедно рече дека во скоро време ќе бидат започнати активностите за проектот чии подготовки за тендер продолжуваат. Министерот Адил Караисмаилоглу рече: „Турција, како земја која доминира над најзначајните трговски коридори на светот во развој, заедно со Канал Истанбул, Истанбулскиот Аеродром, автопатите, трговските пристаништа, железничките врски и логистичките бази, ќе стане едниот од најзначајните логистички центри на светот.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Европската унија (ЕУ) во врска со Турција е фокусирана на позитивна агенда“, пишува дека претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на 6 април, утре во вторник, ќе допатуваат во посета на Турција. Експерти истакнуваат дека посетата на претседателите на Европската унија (ЕУ) на Турција ќе обезбеди придонес за позитивната агенда, а воедно укажуваат дека Европската унија (ЕУ) има потреба од Турција во решавањето на кризите во Либија, Сирија и Јужен Кавказ. Истите експерти исто така коментираат дека „Европската унија (ЕУ) се обидува да ја задржи Турција покрај себе.“    

 



Слични вести