Турски печат 01.04.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1612512
Турски печат 01.04.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган: По Рамазан Бајрам ќе ја посетам Шуша“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа вчера на самитот на шефовите на држави на Турскиот совет, рече: „Значајно е да продолжиме да бидеме покрај Азербејџан со сите наши можности за заштита и заживување на турските објекти во Карабах. Наша желба е во најскоро време, по Рамазан Бајрам, да ја посетиме Шуша и во Шуша да доживееме еден нов празник.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Остра реакција од Турција до САД“, пишува дека Министерството за надворешни работи на Турција покажа многу остра реакција на скандалозниот извештај на САД за човековите права. Во соопштението на Министерството се вели следното: „Тоа што и оваа година во извештајот во врска со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која посегна по турската демократија, уби стотици граѓани, го изврши предавничкиот обид за пуч од 15 јули, се говори како „Ѓуленистичко движење“, покажува дека Соединетите Американски Држави (САД) сеуште не ја сфаќаат праведната борба на Турција против оваа терористичка организација, ги изоставуваат од вид конкретните докази коишто ги изнесува во врска со оваа терористичка организација и дека и при подготвување на овој извештај повторно се доведени во средство на погледите на истите тие познати средини.

„Изјава од министерот Варанк за домашната вакцина“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк по прашањето на работите за развивање на иновативна домашна вакцина. Министерот Мустафа Варанк рече: „По успешно завршување на сите фази на крајот на годината ќе располагаме со кандидат за вакцина со капацитет од 50 милиони дози.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Фатих во лежиштето Туркали-2 достигна до длабочина од 3.950 метри“, информира дека последната длабочина до којашто достигна бродот за сондажа „Фатих“ во второто утврдено лежиште со длабоко поморско дупчење „Туркали-2“ во гасното поле „Сакарја“ во Црното Море изнесува 3.950 метри, со што успешно се завршени работите во ова лежиште.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Бесплатна услуга од Туркиш Ерлајнс за своите патници“, пишува дека како што соопшти Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) патниците со апликацијата „ПресРијдер“ (PressReader) ќе имаат бесплатен пристап до различни весници и списанија коишто се објавуваат во различни земји. Според тоа, патниците во периодот 24 часа пред патувањето и до 24 часа по патувањето ќе имаат бесплатен пристап до сите содржини на апликацијата.

 



Слични вести