Турски печат 30.03.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1610931
Турски печат 30.03.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Повик од Ердоган за инвестирање во Турција“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги повика сите да инвестираат во Турција, независно од потеклото, бојата на кожата и верувањето. Нагласувајќи дека оние кои инвестираа во Турција денеска со зголемување на пазарот и заработката ги собираат плодовите, претседателот Ердоган рече дека и оние кои ќе инвестираат во иднина за многу кусо време ќе се стекнат со истата заработка.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Критична посета од ЕУ“, информира дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на 6 април ќе допатуваат во посета на Турција. Мишел и фон дер Лејен ќе се состанат со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. На одржаниот последен самит на лидерите на Европската унија (ЕУ) беше одлучено да се зајакне соработката со Турција во прашања како што се економијата, миграцијата, контактот меѓу општествата и патувањето.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Гигантите се наредија, сакаат да се вклучат во програмата на Турција“, им одделува место на изјавите на претседателот на Турската вселенска агенција Сердар Хусејин Јилдирим кој истакна дека се има за цел до крајот на 2028 година да се оствари меко слетување на површината на Месечината, да се спушти вселенско летало, да се соберат податоци од површината и тие да бидат донесени во Турција. Претседателот на Турската вселенска агенција Сердар Хусејин Јилдирим, воедно го рече следното: „Голем број земји, вклучувајќи ги и Јапонија, Кина, Русија, европските земји и американските компании, не побараа нас ни честитаа ѝ за оваа програма ѝ почнаа да се распрашуваат како би можеле да бидат вклучени во оваа програма.“

„Турција за 15 години ќе оствари голем отскок во извозот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се вели дека Турција која во процесот на епидемијата на новиот тип коронавирусот (Ковид-19) се истакнува со нејзиниот производствен потенцијал, без прекин го продолжува извозот. Започнува период на големи можности за голем број сектори. Во наредните 15 години се предвидува извозот да се зголеми со големо забрзување. Во овој период, најголемиот раст со 425 отсто се очекува да се оствари во одбранбената и воздухопловната индустрија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција ќе извезува нова генерација технологија за затоплување“, информира дека една компанија со седиште во Анкара фрли потпис на една невообичаена и извонредна технологија за затоплување. Компанијата која со помош на нанотехнологија од рудата бор разви технологии на еколошка енергија, ќе го реши проблемот со затоплување на зградите постари од 50 години во поголемиот дел на Европа. Претседателот на Управниот одбор на компанијата чие име засега се држи во тајност д-р Малик Чаглар, истакна дека имаат за цел за 10 години да остварат извоз на технологија во износ од 1 милијарда долари.

 



Слични вести