Турски печат 26.03.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1608781
Турски печат 26.03.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Уочлива анализа од Ројтерс за Ердоган-Бајден“, информира дека британската новинска агенција „Ројтерс“ објави обемна анализа во врска со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден. Во статијата се истакнува дека претседателот Ердоган презентитра приод од видот „најпрвин Турција“ и дека ги одбива сценаријата чии правила ги поставуваат САД или Русија и со кои Турција плаќа сметка, а воедно се вели дека „оваа состојба ќе предизвика тешкотии за Бајден“. Во анализата, за потезите на Анкара во регионот се дава и пораката „Турција не е таа некогашна, стара Турција.“   

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Порака од Лидерскиот самит на ЕУ за соработка со Турција“, пишува дека во декларацијата на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) се вели дека Европската унија (ЕУ) е спремна за развивање на соработката со Турција. Во декларацијата се изразува спремност за започнување на дијалог на високо ниво во сферите од взаемен интерес со Турција.

„Со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Турција ќе стане база“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на генералниот секретар на Организацијата за економска соработка на 8 земји во развој (Д-8) амбасадорот Дато Ку Џафар Ку Шари, кој го рече следното: „Истанбулскиот финансиски Центар (ИФМ или İFM) апсолутно ќе ја заживее наново Турција и ќе стане база за финансиски операции во светски рамки. Мислам дека ќе привлече внимание во различни земји и делови на светот. Турција со овој проект би можела да ги привлече и инвестициите на голем број меѓународни банки.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Емине Ердоган одликувана со Глобална награда за акција на ОН“, информира дека сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, поради придонесите за Проектот нула отпад и други работи во врска со животната средина е одликувана со „Глобална награда за акција“ којашто оваа година е доделена за прв пат од страна на канцеларијата во Турција на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Остварен првиот лет од Украина за Кападокија“, пишува дека е остварен првиот од чертер летовите коишто ќе се реализираат два дена во неделата меѓу Аеродромот во главниот град на Украина Киев и аеродромот во Кападокија. Првата група туристи составена од 180 лица од страна на надлежни во Кападокија беше дочекана со цвеќиња.

 



Слични вести