Турски печат 24.03.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1607245
Турски печат 24.03.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Дипломатски разговори од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најпрвин оствари телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги, а потоа имаше видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Во телефонскиот разговор на претседателот Ердоган со италијанскиот премиер Драги беше разговарано за трговскиот обем помеѓу двете земји, мигрантската криза, визната либерализација и регионални прашања. На остварената видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот Ердоган нагласи дека Турција со одлучност покажа оти е на страната на соработка, а не затегнатост во Егејското Море и во Источниот Медитеран. Претседателот Ердоган воедно истакна дека треба да се поттикнува Грција за продуктивно водење на дијалогот. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Европската унија (ЕУ) е спремна за продлабочување на трговските врски со Турција“, информира дека според веста објавената од страна на британската новинска агенција „Ројтерс“ ослонувајќи се на нацртот на завршната декларација на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи оваа недела, лидерите на земјите членки на ЕУ ќе работат за овластување на Европската комисија (ЕК) за преговарање во врска со ажурирањето на Царинската унија со Турција. Лидерите ќе нагласат дека треба да и се достави поголема финансиска поддршка на Турција за Сиријците кои ги загрижува. Освен тоа, ќе бидат интензивирани состаноците на високо ниво и дипломатските контакти меѓу Турција и Европската унија (ЕУ). 

„Чавушоглу: ПКК/ЈПГ е закана и за Ирак и Сирија“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во главниот град на Белгија, Брисе,л истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ е закана и за Ирак и Сирија. Чавушоглу информира дека ќе продолжи борбата на Турција против сите терористички организации, а воедно истакна дека Турција ќе биде домаќин на состанокот на високо ниво за мировниот процес во Авганистан. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Официјална посета од Кина на Турција“, информира дека кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе допатува во официјална посета на Турција. Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи во врска со оваа посета се истакнува следното: „Ванг Ји од 24 до 26 март 2021 година ќе престојува во посета на нашата земја. На разговорите освен билатералните односи, ќе бидат разгледани и актуелни регионални и меѓународни прашања. Гостинскиот министер се предвидува да биде примен и кај почитуваниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Порака со сочувство од Турција до Бангладеш“, пишува дека Министерството за надворешни работи објави порака со сочувство за загинатите во пожарот што се појави во кампот Кокс Базар во Бангладеш, во кој се сместени бегалци од Аракан. Во соопштението се нагласува поддршката на Турција на бегалците од Аракан и нивниот домаќин Владата на Бангладеш по пожарот, а воедно се подвлекува и следното: „Нашата земја ќе ги продолжи со одлучност своите активности за хуманитарна помош во секоја сфера на бегалците Рохинга.“ 

 



Слични вести