Турски печат 15.03.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1601202
Турски печат 15.03.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Се наоѓаме меѓу водечките земји на светот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги даде во видео пораката што ја испрати на церемонијата на одбележување на 14 март - Денот на медицината. Претседателот Ердоган истакна дека човештвото ја доживува едната од најсериозните здравствени катастрофи во последниот век и го рече следното: „Ние се наоѓаме меѓу водечките земји на светот во активностите за вакцинација (Ковид-19) коишто ги започнавме од најризичните групи. Несомнено, најголемиот удел во овој успех им припаѓа на нашите здравствени работници кои деноноќно му отрчуваат на помош за лекување на нашиот човек.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција, го осуди отворањето на своја Амбасада од страна на Косово во Ерусалим (Кудс)“, информира дека Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во кое истакна дека со длабока загриженост се дочекува отворањето на своја Амбасада од страна на Косово во Ерусалим (Кудс) и на најсилен начин се осудува овој чекор на Косово.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Предупредување од Туркиш Ерлајнс за патниците во врска со пополнувањето на формулар“, пишува дека според објавеното соопштение од страна на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), патниците кои ќе допатуваат во Турција по воздушен пат почнувајќи од денеска во последните 72 часа пред летот треба задолжително да го пополнат формуларот за влез во Турција на адресата „http://register.health.gov.tr“.

„Извонреден успех од АКИНЏИ ТИХА“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека офанзивното беспилотно летало (ТИХА), новата сила на Турција во воздухот, помина успешно од уште едно тестирање. Во објавеното соопштение од компанијата „Бајкар“ се вели дека офанзивното беспилотно летало АКИНЦИ ПТ-2 (AKINCI PT-2) т.е. офанзивното беспилотно летало „АКИНЏИ Прототип 2“ го заврши успешно Тестот за идентификација на развиениот систем. На тој начин секое успешно реализирано тестирање го доближува офанзивното беспилотно летало „АКИНЏИ“ кон започнување со реализирација на својата задача, слободно над нашето небо.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ванското Езеро, меѓу фаворитите на НАСА“, инфомира дека на онлајн натпреварот на Американската агенција за воздухопловство и вселена (НАСА) составен од 20 фотографии на Земјата, коишто биле сликани во текот на повеќе од 20 години од страна на астронаутите на задача во Меѓународната вселенска станица (МВС), зазеде место и една сликана фотографија на Ванското Езеро, од вселената. Ваквиот развој беше дочекано со голема радост во градовите Ван и Битлис. На објавената фотографија сликана од вселената стои и информацијата дека Ванското Езеро е најголемото езеро во светот кое содржи сода и оваа фотографија за кусо време беше лајкувана од страна на илјадници лица.

 



Слични вести