Турски печат 05.03.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1595473
Турски печат 05.03.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Тажна вест од Битлис“, пишува дека Министерството за национална одбрана вчера соопшти дека се урна воен хеликоптер од типот „Кугер“ во сопственост на Копнените сили кој полета од градот Бинѓол и леташе кон населеното место Татван кај градот Битлис. Во хеликоптерот се наоѓаа 13 војници од кои во несреќата станаа шехиди (загинаа) 11 војници, а двајца војници се ранети. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со случајот беше информиран од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар. Претседателот Ердоган, на шехидите (загинатите војници) им посака милост од Аллах, го изрази своето сочувство до нивните семејства и до Турските вооружени сили (ТВС), на ранетите војници им посака побрзо оздравување.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјави од претседателот Ердоган“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа вчера на 14. Лидерски самит на Организацијата за економска соработка истакна дека борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто е претворена во глобална катастрофа, може да се добие само со силна солидарност и регионална и меѓународна соработка. Освен тоа, претседателот Ердоган рече дека ставањето крај на едностраните санкции коишто се спроведуваат против Иран ќе придонесе за просперитетот на регионот.

„Правот го претвораат во национален оклоп: Турција влезе меѓу неколкуте земји“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека турската компанија за одбранбена индустрија „Нурол Ткноложи“ (Nurol Teknoloji) правот го претвора во национален оклоп. Благодарение на керамиките на бор карбид коишто се произведуваат со развиените процеси Турција го запиша своето име меѓу неколкуте земји во оваа сфера во светот. Со техничките керамики коишто се искористуваат и во решенијата за производство на оклоп, заедно со користење и на композитни ткаенини (штофови) можат да се добијат лесни оклопни конструкции коишто располагаат со висок степен на заштита.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Нивните избори за одмор се исти. Ограничувањата се укинати, растат побарувачките за Турција“, информира дека Асоцијацијата на тур операторите на Русија (АТОР) истакна дека со укинување на ограничувањата на Ковид-19 во Турција, руските граѓани повторно за одмор ја избраа Турција. Во изминатите денови беше соопштено дека Турција е една од најмногу избираните земји за одмор оваа година и од страна на Англичаните.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Анадолу Ефес со полна пареа“, информира дека турскиот претставник Анадолу Ефес во 27. коло на кошаркарската „Туркиш Ерлајнс“ Евролига на домашен терен ја победи шпанската екипа Валенсија Баскет со резултат од 99:83. Со овој резултат, Анадолу Ефес ја извојува својата 16. победа во Евролигата, додека Валенсија го доживеа 13. пораз.  

 



Слични вести