Турски печат 04.03.3021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1594764
Турски печат 04.03.3021

 

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Можеме да преговараме за поморска надлежност со Египет“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече дека зависно од текот на односите во врска со поморските јурисдикции во Источен Медитеран, може да се преговара со Египет. Министерот Чавушоглу рече: „Во иднина може да потпишеме договор меѓу нас“..

Весникот „Ватан“ во веста под наслов  „Оваа недела во ТРСК испраќаме уште 20 илјади вакцини против Ковид“ ја објавува изјавата на потпретседателот Фуат Октај кој на вчерашната прес-конференција во Анкара со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер рече: „Оваа недела испраќаме уште 20 илјади дози вакцини во ТРСК. На тој начин нашата вкупна помош вакцини достигнува 100 илјади. Вие сте меѓу првите 1-2 земји вос ветот“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Терористичката организација ПКК не смее да дише: неутрализирани 126 терористи“ истакнува дека успешно продолжуваат операциите на безбедносните сили против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ. Во операциите против терористичката организација реализирани во февруари 2021 година во земјата и странство беа неутрализирани 126 терористи.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турскиот борбен оклопен брод Кобра II со својата нова верзија е подготвен за најопасните мисии“ истакнува дека Отокар, еден од производителите на оклопни копнени возила на турската одбранбена индустрија, во семејството производи Кобра II додаде „возило заштитено од мина“. Семејството на оклопни производи Кобра II 4x4, е дизајниран како нов модел во семејството производи на Кобра во Турција и 15 земји во светот.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Виртуозот на флејта, Булент Евџил, се најде на насловната страница на познатото италијанско списание „Фалаут“..

Директорот на Државниот симфониски оркестар во Истанбул и флејтист, Булент Евџил се најде на насловната страница на познатото списание за уметност во Италија „Фалаут“.

Во списанието, кое вклучува интервју со Евџил, кој е прикажан како еден од водечките виртуози на флејта во светот, беа посочени концертите на уметникот во различни земји како што се Бразил, Соединетите Американски Држави и Италија и беа објавени информации за наградите што ги доби и неговиот успех.

Изјавувајќи дека дипломирал на Државниот конзерваториум на универзитетот Мимар Синан со прескокнување на година, Евџил рече дека добил награда на конкурс и право да студира во странство. Во тој период сфатил колку се важни меѓународните списанија за уметност во светот.

Евџил во интервјуто се осврнува на тоа како растел и се надоградувал во Турција, како се образувал во меѓународни училишта, изразувајќи задоволство и среќа што има можност да биде инспирација и водич за младите.

Евџил има одржано три концерти со Државниот симфониски оркестар на Сао Паоло и снимено 3 ЦД, со Италијанскиот меѓународен симфониски оркестар има настапи во седум земји, опфаќајќи ја турнејата по Далечниот исток, а исто така има остварено активности во издавањето на низа многу албуми во Турција.



Слични вести