Турски печат 03.03.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1593918
Турски печат 03.03.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган го соопшти Акциониот план за човекови права“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера го соопшти Акциониот план за човекови права. Претседателот Ердоган планот го претстави со зборовите: „Нашиот Акционен план чија визија е утврдена како ‘Слободна единка, силно општество; Подемократска Турција’ започнува со 11 основни принципи. На крајот на овој процес се појави документ којшто содржи 9 намери, 50 цели, 393 активности. Подготвен е со цел да се спроведува во период од 2 години.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Никогаш нема да ја заборавиме поддршката на Турција“, им одделува место на следните изјави на азербејџанскиот министер за Култура Анар Керимов: „Поддршката на братска Турција, не само за време на војната во Карабах, ја почувствувавме во текот на целата историја. И пред 100 години заедно со Кавкаската исламска армија ги спасивме од окупација Азербејџан и Баку. Денеска со ваша поддршка го спасивме Карабах од окупација. Им благодариме на турската држава и на нашите браќа. Никогаш не ја заборавивме, нема да ја заборавиме оваа поддршка.“

„Најголем извоз за месец февруари на сите времиња“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која го рече следното: „Нашиот извоз во февруари со раст од 9,6 отсто изнесува 16 милијарди 12 милиони долари. На тој начин, надминувајќи ја бројката од 16 милијарди долари ја доловиме највисоката бројка во извозот во месец февруари на сите времиња.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) на насловите на печатот во САД“, информира дека перформансот што го покажува Турција особено по прашањето на беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА), продолжува да ја привлекува заинтересираноста и на странскиот печат. Така во американскиот печат повторно се појави на дневен ред една објавена вест во врска со турските наоружани беспилотни летала (СИХА). Во веста објавена во „Дифенс Њуз“ („Defense News“) кадешто се изнесуваат впечатливи податоци, се упатуваат пофалби на сметка на турските наоружани беспилотни летала (СИХА).

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Истанбулскиот Аеродром се искачи на лидерската позиција во Европа“, пишува дека според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) за сообраќајот на летови во неделата 22-28 февруари, Истанбулскиот Аеродром од аспект на бројот на просечно остварени дневни летови стана најпрометниот аеродром во Европа. Во неделата 22-28 февруари Истанбулскиот Аеродром го зазеде првто место со остварени просечно по 501 лет/дневно.

 



Слични вести