Турски печат 02.03.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1593157
Турски печат 02.03.2021

 

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган рече дека започна контролираната нормализација“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој синоќа, по состанокот на кабинетот одржа прес конференција во врска со мерките против коронавирусот. Ердоган најави дека 81 околија поделиле во четири групи според бројот на случаи, дека за викендот ќе бидат укинати ограничувањата во околиите со низок и среден ризик, додека ограничувањата во околиите со висок и многу висок ризик, ќе продолжат и во недела.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Проценка на растот од министерот Елван: Станавме една од ретките земји“ ја објавува изјавата на министерот за финансии и трезор Лутфи Елван кој во изјавата за печатот за податоците за растот рече: Економијата на Турција во 2020 година постигна раст од 1,8 отсто, додека во последниот квартал беше забележан раст од 5,9 отсто. Ние сме една од ретките земји коишто 2020 година, која помина со светска здравствена криза,  ја затворија со раст“.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Најголемиот електричен траект произведен во Турција успешно го помина тестот во Норвешка“ ја објавува објавата на амбасадорот на Норвешка во Анкара Ерлинг Скјонсберг, којшто ја сподели преку социјалните мрежи и истакна дека „најголемиот електричен траект во светот произведен во Турција NB42 успешно го помина тестот во норвешките води“. Амбасадорот Скјонсберг во својата објава објави и слики од траектот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Кампањата за бојкот против француските производи беше ефикасна! Тие и се заблагодарија на Турција“ истакнува дека членот на Светската асоцијација на муслимански научници Шеик Сагир, потенцирајќи на ефективноста на кампањата за бојкот против француските производи, им се заблагодари на управите на Турција и Пакистан за реакциите и огласувањето на повикот за бојкот.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Апликација за вбројување на езерото Салда на Списокот на светско природно наследство на УНЕСКО “ истакнува дека е поднесена апликација до УНЕСКО (Организација за образование, наука и култура на Обединетите нации) за езерото Салда во областа Јешилова во Бурдур да се вброи на списокот на светско природно наследство“. Во барањето поднесено од Здружението за заштита на езерото Салда, беше подвлечено дека езерото Салда треба да се заштити, а исто така беше посочено на значењето на езерото од еколошки и научен аспект.



Слични вести