Турски печат 26.02.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1591061
Турски печат 26.02.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Портпаролот на претседателството Калин: „Го осудуваме обидот за државен удар во Ерменија“ ја објавува изјавата на портпаролот на претседателството Ибрахим Калин кој рече дека Турција го осудува обидот за државен удар во Ерменија. Калин, во објавата на својот профил на социјалните мрежи истакна: „Ние го осудуваме обидот за државен удар во Ерменија. Ударите секогаш ги прекинувале демократските процеси и предизвикувале хаос. Се надеваме дека процесот во Ерменија веднаш ќе се врати во нормала“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Уште еднаш ја предупреди ЕУ: „Треба да се соработува со Турција“ ја објавува изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто кој рече дека Европската унија (ЕУ) треба да соработува со Турција во врска со бегалците, во спротивно ЕУ ќе се соочи со сериозни безбедносни проблеми.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш ерлајнс со просечно 603 летови на ден го одржува своето лидерство во Европа“ истакнува дека според извештајот за сообраќај на летови на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) помеѓу 18 и 24 февруари, Туркиш ерлајнс (ТХЈ) своите европски ривали ги надмина со просечно 603 летови на ден.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Извозот на цвеќе се зголеми за 19 отсто“ истакнува дека Турција од 1 јануари до 21 февруари 2021 година оствари извоз на цвеќе од 23 милиони 752 илјади долари, што претставува раст за 19 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Блескав потез од Турција! Прв пат се појави, привлече внимание...“ истакнува дека првиот хеликоптер Атак, произведен од Турската компанија за воздушна и вселенска индустрија (ТУСАШ) со проектот на Претседателството на управата за одбранбена индустрија при претседателството, свечено беше предаден на Генералниот директорат за безбедност. Претседателот на Управата за одбранбена индустрија Исмаил Демир рече дека со конфигурациските активности Фаза-2 извршени на хеликоптерите Атак, можноста за електронско војување и контрамерки го достигнала максималното ниво.



Слични вести