Турски печат 25.02.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1590276
Турски печат 25.02.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Ја наплаќаме неколкукратно секоја капка крв“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој вчера говореше на одржаните редовни градски Конгреси на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата). Претседателот Ердоган рече: „Почнавме да ги согледуваме позитивните резултати на чекорите коишто ги преземаме во сферата на борбата против тероризмот. Се доживува пад, ѝ во бројот на приклучувањата кон терористичката организација, ѝ во капацитетот на дејствување на терористичката организација. На ништовниците кои посегнуваат по единството, заедништвото на нашиот народ, им наплаќаме неколкукратно за секоја капка пролеана крв.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Мудис ги зголеми прогнозите за раст на Турција“, пишува дека меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ (Moody’s) својата прогноза за раст на Турција во 2021 година од 3,5 отсто ја зголеми на 4 отсто, а прогнозата за раст во 2022 година од 4 отсто на 5 отсто.

„Истанбулскиот Аеродром влезе во списокот на климатско-умните аеродроми на Меѓународниот совет на аеродроми“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека Истанбулскиот Аеродром во рамките на Акредитацијата на аеродромски јаглерод (Airport Carbon Accreditation) се стекна со право на добивање на Серификат за емисија на јаглерод од прво ниво, кој инаку се доделува од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Плажата Клеопатра на списокот на најдобрите плажи на Европа“, информира дека на одржаното гласање на една меѓународна интернет страница на која милиони лица ширум светот ги истражуваат и споделуваат своите коментари за туристичките постројки, се избрани најпопуларните плажи за 2021 година. На списокот на најдобрите плажи на Европа се најде и плажата Клеопатра во Аланја кај Анталја.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција, меѓу земјите кои руските туристи сакаат да ги посетат најмногу во 2021 година“, пишува дека според спроведената анкета од страна на руската компанија „Yandex.Travel“ со приближно 10 илјади лица, 68 отсто од граѓаните истакнаа дека можноста за посета на други земји без да бидат воведени ограничувања ќе влијае на нивните планови за одмор. Учесниците на анкетата ја покажаа Турција меѓу земјите кои сакаат да ги посетат најмногу и оваа година.

 



Слични вести