Турски печат 24.02.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1589531
Турски печат 24.02.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турција се рангираше на 7-то место во вакцината“ истакнува дека вакцинацијата против новиот вид на коронавирус во светот започна на 13 во декември, а во Турција на 14 јануари. Турција во овој период остави зад себе повеќе земји на Европската унија што ја спроведуваат вакцинацијата и се најде на 7-мо местото во светот. Додека на светско ниво, од секои 100 лица вакцинирани против коронавирус, се вакцинирани 2,63, оваа бројка во Турција со вакцинирање на околу 6,5 милиони луѓе досега изнесува 7,75 отсто.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција изрази подготвеност“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој рече дека Турција е подготвена за доаѓањето на туркменскиот гас и дека е спремна да направи се што е во нејзина можност гасот за Европа да се пренесува преку Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Рекорд во историјата на турското воздухопловство“ истакнува дека првото домашно и национално вооружено беспилотно летало  на Турција (SIHA) ТБ2 Бајрактар, со успешно завршување на 300 илјада часови по летање, собири нов рекорд во историјата на турското воздухопловство. На тој начин, беспилотното летало од оваа класа стана првото национално летало што најдолго време се наоѓаше на небото. 300 илјади часа лет значи 34 години нон-стоп летање.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ќе градат морнарски брод со поддршка на Турција“ истакнува дека индиската државна компанија Хиндустан бродоградилиште, започна подготовки за трансфер на технологија за изградба на поморски бродови од Турција. Цената на чинење на проектот ќе изнесува околу 1,5-2 милијарди долари. Трансферот на технологија ќе се изврши од бродоградилиштето Анадолу во Тузла кај Истанбул.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Порасна продажбата на пакет аранжманите за празниците во Турција“ истакнува дека по информацијата за календарот за нормализација во Велика Британија, кој се планира да започне помеѓу 8 март и 21 јуни, продажбата на пакет аранжманите за празниците во странство се зголеми за 630 отсто. На првото место на земјите кои привлекуваат најголемо внимание во Велика Британија се наоѓа Турција.



Слични вести