Турски печат 23.02.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1588699
Турски печат 23.02.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Турција единствената земја која излегува во пресрет на сириските бегалци“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Меѓународната конференција за миграција во Измир, кадешто истакна дека Европската унија (ЕУ) на Грција за 100 илјади бегалци и даде поддршка од 3 милијарди евра, додека за 4 милиони бегалци во Турција не ја стави својата рака под каменот (односно не направи ништо за да го намали овој товар којшто се наоѓа на плеќите на Турција). Претседателот Ердоган рече: „Не е познато каде се наоѓаат, од чија страна се киднапирани десетици илјади сириски деца кои се засолнаа во Европа.“  

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Чавушоглу: Светот повторно остана безгласен за масакрот на ПКК“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој во своето обраќање на 46-тата седница на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) рече дека светот повторно остана безгласен за убиството на 13 невини луѓе од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во областа Гара, во севернот дел на Ирак. Министерот Мевлут Чавушоглу, го изјави следното: „Не можеме да ја елиминираме оваа закана без меѓународна солидарност и под овие двојни стандарди.“

„Историски исповед од САД: Направивме грешка по прашањето на ЈПГ“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник “Ватан“, кадешто се истакнува дека пристигна исповед од страна на Соединетите Американски Држави (САД) кои привлекуваат реакција поради тоашто и даваат поддршка на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК/ЈПГ во Сирија. Поранешниот командант на копнените сили на САД во Европа генерал-потполковник Бен Хоџес рече дека повторно треба да се изгради довербата кон Турција.“ Бен Хоџес нагласи дека направиле грешка по прашањето на ПКК/ЈПГ и го рече следното: „Треба повторно да бидат преразгледани одлуките коишто на сериозен начин им наштетуваат на односите со една сојузничка земја како Турција и со коишто им се придава приоритет на тактички придобивки како што е да се работи со ПКК/ЈПГ.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Историска грешка од Грција и Кипарско-грчкиот дел“, им одделува место на изјавите на проф. д-р Хусејин Ишиксал кој истакна дека Грција и Кипарско-грчкиот дел не се во потрага по решение, туку се во потрага по отстапка. Нагласувајќи дека двојката која очекува дека Турција ќе направи отстапка на Кипар западна во сериозна грешка, проф. д-р Хусејин Ишиксал го рече следното: „Двојката Кипарско-грчкиот дел-Грција која кога тогаш ќе разбере дека европските земји нема да се соочат со Турција која е најзначајниот и стратешки актер во Источниот Медитеран, во иднина ја очекуваат уште попроблематични денови.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Производството на злато на Турција оди кон рекорд“, пишува дека расте производството на злато во Турција. Министерството за енергија и природни ресурси на својот профил на социјалната медија објави табела со производството на злато на Турција во  5 последните години. Според оваа табела, производството на злато на Турција во 2016 година изнесуваше 24,5 тони, во 2017 година 22,5 тони, во 2018 27,1 тон, во 2019 38 тони, а минатата 2020 година 42 тони.



Слични вести