Турски печат 22.02.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и странство

1588011
Турски печат 22.02.2021

 

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган рече дека САД треба да ги запрат санкциите врз Иран“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани. Наведувајќи дека посакуваат новата администрација на Соединетите Американски Држави (САД) да се откаже од едностраните санкции врз Иран и да ги отстрани неправедните пречки за благосостојбата на иранскиот народ, претседателот Ердоган рече дека изјавите објавени во последните неколку дена во врска со ова прашање влеваат надеж за отворање нов прозорец на можности.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Фахретин Алтун: Нема да дозволиме да се заборават масакрите на ПКК“ ја објавува изјавата на директорот за комуникации Фахретин Алтун кој сподели видео за масакрите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, која 13-те граѓани кои ги држеше во заложништо во ирачката област Гара, ги уби немилосрдно. Алтун во продолжение рече: „Крволочната терористичка организација ПКК, од 1984 година во Турција продолжува со убиството на бебиња, деца, жени, млади, стари лица. Дури и ако некој ги игнорира, ние не ги заборавивме и нема да ги заборавиме масакрите на ПКК“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Соопштение од Русија во врска со заедничкото производство на С-400 со Турција“ истакнува дека потпретседателот на Управата за федерална воено-техничка соработка на Русија Алексеј Фролкин даде изјава во врска со заедничкото производство на воздушно-одбранбениот систем С-400 со Турција. Фролкин потенцираше дека продолжуваат разговорите со Анкара во низа  области на воено-техничката соработка.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турција очекува да се зголемат директните странски инвестиции“ истакнува дека во период кога се интензивираат реформите во областа на економијата и правото во Турција, се очекува зголемување на директните инвестиции на странските инвеститори во автомобилска индустрија, белата техника, софтверскиот и логистичкиот сектор. Некои од причините поради изборот на Турција од страна на инвеститорите освен заработката се квалификуваната работна сила, предвидливиот инвестициски амбиент и логистичките услови.

Весникот „Стар“ во веста под насчѓлов „Во Турција произведен првиот генератор напојуван од биодизел“ истакнува дека компанијата „Аркен генератор“ во Истанбул го произведе прототипот на првите генератори на гориво во светот со биодизел. Генераторот на биодизел се заснова на принципот на рециклирање на дизелот, кој се состои од животински и растителен отпад. компанијата „Аркен генератор“ која исто така го патентираше генераторот кој се напојува со 100 проценти биодизел, планира на среден рок да го комерцијализира својот прототип.



Слични вести