Турски печат 19.02.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1586594
Турски печат 19.02.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов: „Претседателот Ердоган разговараше со Путин“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата лидери, разговараа за случувањата во Карабах, Либија и Сирија. Претседателот Ердоган нагласи дека треба да се вложува заеднички напор по сите прашања за зачувување на примирјето во Карабах.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Потпретседателот Октај: Инвеститорите кои имаат доверба во Турција ќе продолжат да профитираат“, им одделува место на изјавите на потпретседателот Фуат Октај кој истакна дека во последните месеци во Турција е остварен влез на портфеј од странство во износ од над 15 милијарди долари. Потпретседателот Октак рече: „На нашиот дневен ред се наоѓа реформа во правото којашто директно ги засега економијата и инвестициите. Инвеститорите кои имаат доверба во Турција како досега така и во иднина ќе продолжат да профитираат.“

„Значјна фаза во фабриката за домашен автомобил“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG) која информираше во врска со фабриката за производство на домашниот автомобил чија изградба продолжува во населеното место Гемлик во градот Бурса, ја сподели информацијата дека се завршени инфраструктурните работи на фарбарницата и на зградите за производство на електричниот погон и каросеријата на домашниот автомобил.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турските роботи курири на пат за Дубаи“, пишува дека по растечката потреба којашто се појави по пандемијата фирмата „ Delivers.ai“ со седиште во Истанбул која почна со производство на роботи курири развиени со вештачка интелигенција, стана првата роботска компанија за автономна достава во Европа. Роботите „Delivers.ai“ наскоро ќе почнат да се користат во достава на порачки на јадење во областа „Internet City“ која е позната како „Силиконска долина“ на Дубаи.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „НАСА сподели објава на езерото Салда“, информира дека Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) во рамките на своите подготовки за испраќање на сондата „Персеверанс“ (Perseverance) која ќе бара траги од живот во кратерот „Језеро“ (Jezero) на планетата Марс, сподели објава со резултатите од истражувањето во езерото Салда кое се наоѓа во близина на градот Бурдур во Турција, а кое инаку располага со слична минерална структура и геолошка градба со Марс. НАСА сподели фотографија на езерото Салда сликана од вселената.

 



Слични вести