Турски печат 18.02.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1585891
Турски печат 18.02.2021

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган рече дека во март ќе започне постепено нормализирање“ истакнува дека по вчерашниот состанок на кабинетот, претседателот Реџеп Тајип Ердоган на прес конференцијата се осврна на постапката за постепено нормализирање и во тој контекст рече: „Согласно критериумите на Министерство за здравство во март почнуваме со процесот на постепено нормализирање со поделба на нашите провинции во четири групи. Според тоа, нашите провинции ќе ги класифицираме во класи со низок, среден, висок и многу висок ризик. Соодветно на тоа ќе го спроведеме календарот за нормализација “.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Пофалби од британскиот печат за турските дронови (СИХА)“ истакнува дека турското вооружено беспилотно летало (СИХА) продолжува да биде на дневен ред во британскиот печат. Весникот „Телеграф“ истакнува дека во позадината на успехот на Азербејџан, особено во Нагорно Карабах се наоѓаат турските беспилотни летала.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Грција продолжува да извршува злосторства против човештвото“ го објавува соопштението на Министерството за одбрана во кое беше истакнато дека се спасени мигрантите чии телефони и парите биле одземени од страна на Грција, врз кои беше извршено насилство и малтретирање и кои илегално беа депортирани во Турција а кои бе изложени на опасноста од студ и  мраз.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава за Турксат 5А од министерот Караисамилоглу“ ја објавува изјавата на министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисамилоглу, кој во врска со Турксат 5А која беше лансирана во вселената, рече: „Досега сите подсистеми на нашиот сателит работат непречено. Откако нашиот сателит ќе ја достигне својата орбита, ќе се извршат орбитални тестови и во јуни ќе биде примен и ќе почне со работа“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турција е 4-та земја со најголеми меѓународни трансфери во јануари“ истакнува дека Турција го зазеде 4-то место меѓу земјите ангажирани во меѓународни трансфери на фудбалскиот преоден рок во 2021 година. Според извештајот за преодниот период на трансфери на ФИФА, Шпанија оствари 145, Португалија 143, Англија 140, Турција 123 меѓународни трансфери.



Слични вести