Турски печат 17.02.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1585050
Турски печат 17.02.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Операциите ќе продолжат со нивно проширување“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера истакна дека успешно реализираната операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа Гара во северниот дел на Ирак ќе биде проширена кон местата од кадешто се интензивирани заканите. Велејќи „Нема да им дозволиме на терористите да здивнат“, претседателот Ердоган рече: „Во местата коишто ги доведуваме во безбедни зони ќе останеме онолку колку што ќе затреба.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „ПКК од 1984 година досега масакрира 6.021 цивил“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој вчера во својот говор пред пратениците во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) истакна дека операциите против ПКК која се обидува да го продолжи своето присуство во северниот дел на Ирак продолжуваат со интензивирање на силата и со непрекинато темпо. Воедно и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека ПКК од 1984 година досега масакрира 6.021 цивил и покажа остра реакција против средините кои молчат пред овие масакри.  

„Турската војска, единствена меѓународна сила која ги штити цивилите“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека во објавениот напис во едниот од водечките весници на Соединетите Американски Држави (САД) „Њујорк тајмс“ се вели дека Турција е единствената меѓународна сила која заштитува приближно 5 милиони раселени и ранливи цивили. Во написот на овој весник се истакнува дека турската војска е единствената сила која стои помеѓу масакрите на режимот на Бешар Асад и цивилите во Сирија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ирански експерти укажаа на Турција: Би можеле да стапат во акција“, информира дека во период кога продолжува блокирањето по прашањето на враќање кон нуклеарниот договор помеѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), ирански експерти мислат дека најпогодни земји за посредување на линијата Техеран-Вашингтон можат да бидат Турција, Катар, Русија и Кина. Особено Турција и Катар, освен тоа што располагаат со добри односи со Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, не ги оценуваат за погодни и санкциите против Иран.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Џунејт Чакир избран за втор најдобар судија на 21. век“, информира дека Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) го соопшти списокот на најдобрите судии во периодот 2001-2020 година. На списокот подготвен на база на најдобрите коишто се избираат секоја година од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) со гласовите на жирито, германскиот судија Феликс Брих со добиени 140 поени е избран за најдобар судија, а веднаш по него на второ место со добиени 139 поени, само еден поен помалку се наоѓа турскиот судија Џунејт Чакир. На третото место е англискиот судија Хауард Веб со 137 поени. Италијанскиот судија Пјерлуиџи Колина кој во периодот 1998-2003 година 6 пати по ред беше избран за најдобар судија, со добиени 94 поени се наоѓа на 11. место на списокот.

 



Слични вести