Турски печат 16.02.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1584321
Турски печат 16.02.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Реакцијата на претседателот Ердоган против САД“ истакнува дека вчера, претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше против индиферентноста на Соединетите Американски Држави (САД) пред смртта на 13 турски граѓани кои беа убиени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во регионот Гара на северот на Ирак, „Зарем ви не велевте дека не сте со ПКК и со ЈПГ. Вие сте со и зад ПКК.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов  „Американскиот амбасадор Сатерфилд повикан на консултации во МНР“ истакнува дека Министерството за надворешни работи соопшти дека реакцијата против соопштението на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со масакрот на ПКК беше изразена на најсилен начин. Во соопштението кое беше објавено од Министерството беше истакнато дека „Американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд беше повикан на консултации во министерството и нашата реакција му беше изразена на најсилен начин“. (Во соопштението кое беше објавено од американскиот Стејт департмент во врска со убиството на 13 турски граѓани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во ирачкиот регион Гара беше истакнато следното: „Ако е точна веста дека турски граѓани загинале од рацете на терористичката организација ПКК, ние најостро го осудуваме оваа акција.“)

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот колега Блинкен“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера оствари телефонски разговор со американскиот колега Антониј Блинкен. На разговорот на кој беа разменети мислења за билатералните односи и борбата против тероризмот, Блинкен на министерот Чавушоглу му изрази сочувство за 13-те турски граѓани и рече дека за тоа е одговорна сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Операција на МИТ против ФЕТО“ истакнува дека приврзаниците на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) Ѓурбуз Севилај и Тамер Авџи за кои постои потера, со успешната операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) од Узбекистан беа донесени во Турција. Во рамките на истрагата беше утврдено дека Ѓурбуз Севилај се бавел со активности за набавка на оружје за потребите на  сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ-СДФ во Ирак и Сирија и одржувал стедби со т.н. лидери на оваа организација.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Месут Озил собори рекорд со својот дрес со потпис“ истакнува дека 3-те дресови кои беа специјално подготвени и потпишани од Озил за време на церемонијата на потпишување што се одржа по трансферот на Месут Озил во Фенербахче,  беа продадени за вкупно 36 илјади 50 евра. Дресот со пруги го сруши рекордот од 26.000 евра, достигнувајќи ја највисоката сума меѓу сите дресови досега продадени на страницата Matchwornshirt.



Слични вести