Турски печат 15.02.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1583475
Турски печат 15.02.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Голем удар врз ПКК“, пишува дека заврши прекуграничната операција којашто беше започната на 10 февруари врз т.н. база на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа Гара во северниот дел на Ирак. Во операцијата се неутрализирани 53 терористи, а двајца терористи се фатени живи. Во рамките на операцијата е нанесен тежок удар врз присуството на терористичката организизација во наведената област која е ставена под контрола. Убиството на 13 невооружени турски граѓани цивили од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК пак, уште еднаш го покажа предавничкото лице на оваа злобна организација на што пристигнаа проколнувања од државниот врв и политичарите.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Критичен развој во националниот борбен авион“, истакнува дека е фрлен нов чекор за стекнување со оригиналност и домашна сила на петтата генерација домашен и национален борбен авион. За развивање на единиците на домашна сила на авионот е потпишан протокол со компанијата за дизајн и развој на национален мотор „ТРМОТОР“ (TRMOTOR). На тој начин е надминат уште еден критичен праг во проектот. Националниот борбен авион се планира да биде изваден од хангарот во 2023 година.

„Лудите Турци на науката“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека на научните работи коишто се водат во светот во последно време својот белег го удрија турските научници. Биомедицинската научничка и бизнисменка д-р Озлем Туреџи и проф. д-р Угур Шахин, со произведената вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) станаа надеж за целиот свет. Исто така и турскиот научник Ќамил Ондер разви „ПЦР“ (PCR) тест кој за кусо време може да ја утврди новата варијанта на Ковид-19. Турскиот научник проф. д-р Рахми Оклу пак, разви игла која го убива ракот со што стана надеж особено за заболените од рак на црниот дроб кои чекаат трансплантација. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Џи-Пи Морган: Турција во 2021 година ќе оствари раст од 4,6 отсто“, информира дека американската инвестициска банка и холдинг компанија за финансиски услуги „Џи-Пи Морган“ (JP Morgan) прогнозите за раст на Турција во 2020 и 2021 година ги ревидира нагоре. По растот на индексот на индустриското производство во месец декември на рекордно ниво, „Џи-Пи Морган“ својата прогноза за економски раст на Турција во 2020 година од 1,1 отсто ја покачи на 1,9 отсто, а прогнозата за раст во 2021 година од 3,3 отсто ја зголеми на 4,6 отсто.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „За ловечките пушки на Конја чекаат на ред 65 земји“, пишува дека ловечките пушки „Хуглу“ кои се произведуваат во населеното место Бејшехир во градот Конја, се извезуваат во 65 земји во Азија, Европа и Далечниот исток. Пушките „Хуглу“ (Huğlu) кои се дојдени во состојба на бренд во секторот, се истакнуваат пред нивните ривали со нивната изработка, естетскиот изглед, квалитетот и долгиот животен век. Снајперската пушка од долг дострел „ОВИС“ (OVİS) пак, наоѓа купувачи во земји како што се Соединетите Американски Држави (САД), Намибија, Тајланд, Индонезија и Германија.

 



Слични вести