Турски печат 05.02.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1577689
Турски печат 05.02.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Се наоѓаме меѓу првите 10 во привлекување на студенти во светот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција се наоѓа меѓу првите 10 земји во светот според бројот на привлекување на студенти во своите универзитети. Нагласувајќи дека Турција се искачи на првото место во Европа и во пристапот до универзитет, претседателот Ердоган рече дека ќе се обезбеди угледни професори на водечките универзитети во светот да одржуваат настава во Турција по пат на далечинско образование.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Странските инвеститори во Турција недвижниот имот го држат во свои раце“, пишува дека 92,7 отсто од странските државјани кои купуваат недвижнини во Турција, овие нивни недвижнини ги држат во свои раце. Странските инвеститори приближно 3 месеци во годината поминуваат во Турција. Половината од инвеститорите кои купуваат недвижнини потоа го купуваат и вториот недвижен имот. Возраста на странските инвеститори меѓу кои претежно се наоѓаат раководите, инженери, бизнисмени, лекари и пензионери, изнесува 50,6 години.

„Шаоми почнува со производство во Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека третиот по големина производител на умни телефони во светот „Шаоми“ (Xiaomi) соопшти дека со инвестиција од 30 милиони долари во првиот квартал на 2021 година ќе започне со производство на умни телефони во Турција. Со фабриката којашто компанијата ќе ја отвори во Истанбул, Турција ќе стане четврта земја во светот, во која овој бренд ќе почне со производство. Фабриката ќе располага со капацитет за производство на годишно по 5 милиони телефони.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „За 5 години годишното производство на злато ќе се зголеми на 100 тони“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека во Турција се произведуваат годишно 42 тони злато и го рече следното: „Нашата цел е во период од 5 години да достигнеме до производство на годишно 100 тони злато.“ Министерот Фатих Донмез истакна дека сакаат Турција да се најде меѓу првите 10 земји во светот кои реализираат годишно производство од над 100 тони злато. 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Тестирана ракетата на Турција од долг дострел Атмаџа“, информира дека во градот Синоп на брегот на Црното Море е тестирана анти-бродската ракета од долг дострел „Атмаџа“ развиена од страна на „Рокетсан“. Тест-истрелите беа следени и од страна на командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и валијата на Синоп Ерол Караомероглу. По реализираните тест-истрели, адмирал Аднан Озбал го рече следното: „Нашиот национален производ Атмаџа ќе им влее доверба на пријателите, а страв на непријателите.“

 



Слични вести