Турски печат 01.02.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1574712
Турски печат 01.02.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Стапено во акција за Ф-16“, пишува дека започнаа работите за унапредување на способностите и зајакнување на воените авиони Ф-16 кои го сочинуваат ударниот елемент на Турските воздухопловни сили. Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир, во врска со ова го рече следното: „Се реализираат инженерските работи во врска со обновата и подобрувањето (ревизијата) на 1.200-1.500 структурални компоненти на секој авион. Имаме за цел структуралниот животен век на нашите авиони Ф-16 од 8.000 часа да го зголемиме на 12.000 часа."

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Пофалби за Ататурк во списанието на Копнените сили на САД“, информира дека во списанието „Милитари Ревиев“ на Копнените сили на Соединетите Американски Држави (САД) беа упатени пофалби за военото лидерство на основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк. Во написот објавен со потпис на мајор Ерик Вендити се привлекува внимание на лидерството на Ататурк за време на Битката на Чанаккале (Дарданелите). Се истакнува дека Ататурк во критичните точки на војната донел правилни одлуки.

„Турција им влева доверба на туристите“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на генералниот секретар на Институтот на Светскиот форум за туризам Талеп Рифаи кој истакна дека мерките коишто ги презема Турција во туризмот во периодот на пандемијата на Ковид-19 се многу добри. Талеп Рифаи го рече следното: „Турција им влева доверба на своите домашни и странски посетители. Доколку продолжи пренесувањето на оваа доверба мислам дека 2021 година ќе биде подобра од 2020 година.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Автомобилскиот пазар на Турција ги остави зад себе 25 европски земји“, информира дека Турција на крајот на 2020 година според вкупната продажба на возила меѓу европските земји и според продажбата на автомобили се најде на шестото место, а според продажбата на комерцијални возила во Европа на четвртото место. Додека во 2020 година во Европа не постои земја која ја зголеми својата продажба во споредба со претходната 2019 година, Турција стана единствената земја која ја зголеми својата продажба на возила во 2020 година.

Всникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ковид-19 не можеше да го сопре сувото овошје“, истакнува дека Турција во минатата 2020 година во услови на негативното влијание на пандемијата на Ковид-19 го задржа својот извоз на суво овошје во споредба на претходната 2019 година. Најбарани производи од страна на луѓето беа производи на суво овошје коишто не се расипуваат, можат да се чуваат долго време и даваат енергија, како што се суво грозје, суви кајсии, суви смокви и антепски фистаци. На тој начин од остварениот извоз на 477 илјади тони суво овошје во 2020 година се заработени приходи во износ од 1 милијарда 400 милиони долари.

 



Слични вести