Турски печат 29.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1573335
Турски печат 29.01.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција е одлучна да ги одбрани своите права во Егејското Море, Источниот Медиетарн и на Кипар“, пишува дека вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип се одржа првиот состанок на Советот за национална безбедност (МГК) во 2021 година. Во објавената декларација од Советот за национална безбедност (МГК) се истакнува следното: „Разгледани се чекорите коишто се преземаат во рамките на ставањето крај на присуството на терористичките организации како главен извор на нестабилноста во регионот, на териториите на нашите јужни соседи, сите меѓународни актери кои се инволвирани во прашањето се поканети да ги исполнат своите одговорности што им припаѓаат.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во Истанбул пристигна вториот дел од 3,5 милиони вакцини“, информира дека продолжува испораката на вакцините против коронавирусот коишто ги купи Турција од Кина. Така утрово во Турција е донесен и вториот дел од испораката на вкупно 10-те милиони вакцини. Првата пратка на порачаните вакцини од Кина дојде во Турција на 30 декември 2020 година и на 14 јануари започна процесот на вакцинација на здравствените работници. На 25 јануари во Турција беше донесен и првиот дел од 6,5 милиони дози вакцини од втората испорака од вкупно 10-те милиони инактивни вакцини.

„Доверливоста на домашната вакцина ќе биде поголема“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“ кадешто се истакнува дека домашната вакцина којашто ја развиваат турските научници ќе биде со поголема ефикасност и доверливост против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал во врска со работите коишто се водат за развивање на домашна вакцина против Ковид-19 рече: „Овие вакцини нема да бидат слични со оние на кои се работи во странство, ќе бидат вакцини со поголема ефикасност и доверливост против вирусот.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Велика Британија одлучна да соработува со Турција“, им одделува место на изјавите на британскиот амбасадор во Анкара Доминик Чилкот кој истакна дека неговата земја е прилично одлучна да работи со Турција во одбранбениот сектор и да продолжи соработката помеѓу двете земји во полето на одбранбената индустрија. Британскиот амбасадор Доминик Чилкот нагласи дека  кај компаниите и потрошувачите и во двете земји постои силна желба за купување на меѓусебните производи.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „6 градови од Турција влегоа на списокот на најбезбедни градови на светот“, пишува дека веб-страницата за глобално истражување „Нумбео“ ги соопшти најбезбедните градови во 2020 година. На списокот се најдоа 6 градови и од Турција, додека градот Ескишехир се наоѓа на осмото место со 82,45 поени. Други градови кои влегоа во списокот на најбезбедни градови се Анталија, Бурса, Измир, Анкара и Истанбул.

 



Слични вести