Турски печат 28.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1572627
Турски печат 28.01.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган разговараше со Елон Маск“, истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со основачот на „Tesla“ и „SpaceX“ Елон Маск. Во разговорот беа разгледани прашањата во врска со соработката во различни сфери на чело со вселенските технологии, меѓу компанијата и институциите на јавниот и приватниот сектор во Турција.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Зборови со пофалби од Светската здравствена организација до Турција“, информира дека претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) за Турција д-р Батир Бердикличев упати пофалби за работите за вакцинација коишто се водат во Турција. Бардикличев го рече следното: „За многу кусо време се вакцинирани повеќе од 1 милион луѓе. Националната програма и капацитетот за вакцинација во Турција навистина се користат многу силно и ефикасно.“

„Извонреден успех од турски научник“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека научникот од турско потекло проф. д-р Ќамил Ондер, основачот и висок раководител на компанијата „Procomcure Biotech“ во Австрија, разви уред за брзо „ПЦР“ (PCR) тестирање за утврдување на мутираната варијанта на коронавирусот која беше забележана во Велика Британија. Турскиот научник проф. д-р Ќамил Ондер го рече следното: „Тестовите се реализираат за 60 до 90 минути. Целата постапка напредува без да постои потреба од секвенционирање. Ѝ е многу ефтино ѝ многу брзо, што пак претставува голема предност.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Соопштена бројката со која Турција ќе биде доведена во состојба на привлечен центар“, истакнува дека според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Турција исто како од самиот почеток на пандемијата ќе продолжи да расте и оваа година. Од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пристигна прогноза во однос на Турција којашто го покачи моралот. Според оваа прогноза, и покрај преземените силни превентивни мерки против пандемијата Турција го продолжува својот економски раст така да оваа година ќе оствари раст од 6 отсто. Овој раст ќе ја доведе Турција во состојба на привлечен центар.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Светската ѕвезда го стави својот потпис“, информира дека турскиот фудбалски клуб Фенербахче организира церемонија за потпишување договор со светски познатата фудбалска ѕвезда Месут Озил кого го приклучи кон своите редови од англиската екипа Арсенал. На одржаната церемонија Месут Озил истакна дека е многу радосен поради тоа што ќе го облече дресот на жолто-лилјаковата екипа и го рече следното: „За Фенербахче беше сон, а беше сон и во моите мисли. Ќе биде извонредна врска и за двете страни.“

 



Слични вести