Турски печат 27.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1571821
Турски печат 27.01.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Во најскоро време во нашата земја ќе пристигнат 50 милиони дози вакцини“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говоорт што го одржа на церемонијата на социјално назначување во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара, го рече следното: „Во најразвиените земји постои недостаток од вакцини. Ние пак, по прашањето на вакцинирањето на брз начин почнавме да ги набавуваме нашите вакцини. Во првата етапа Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) во нашата земја ќе пристигнат 50 милиони дози вакцини.“ 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ставен во примена проектот којшто ќе ја утврди навремено мутацијата на коронавирусот“, информира дека е ставен во примена „Проектот за зајакнување на националниот капацитет во борбата против Ковид-19“ кој се поддржува во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија (ЕУ), а кој ќе се води од страна на Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО). Проектот со кој се има за цел навремено утврдување на мутацијата во вирусот со „геномска анализа“ со намалување на времетраењето на тестот, се очекува да ја зголеми силата на борбата против коронавирусот во Турција.

„Посета на Турција од соседот за платформата за соработка“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф кој рече дека сакаат да формираат 6 платформи за соработка во регионот на Кавказ и дека со таа цел остварува турнеја во чии рамки ги посетува регионалните земји. Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф се очекува да ја посети и Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „За поддршка на ирачката армија заминаа за Багдад“, пишува дека Министерството за национална одбрана објави соопштение во кое се истакнува следното: „Нашите воени инструктори заминаа за Багдад за поддршка на пријателската и братска ирачка армија во рамките на Мисијата на НАТО во Ирак.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс и Истанбулскиот Аеродром го зачуваа своето место на врвот во Европа“, информира дека според податоците на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) и Истанбулскиот Аеродром на третата недела во јануари го зазедоа своето место на врвот во Европа. Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени 596 летови во периодот од 18-24 јануари ги остави зад себе своите европски ривали. Истанбулскиот Аеродром пак, со дневно остварени 484 летови се најде на првото место меѓу познатите аеродроми во Европа.

 



Слични вести