Турски печат 26.01.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1571061
Турски печат 26.01.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Можно е да се решат сите проблеми, вклучувајќи го и Егејот“ истакнува дека вчера во Канцеларијата во сарајот Долмабахче во Истанбул се одржа 61-та рунда на истражувачките разговори меѓу Турција и Грција. Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин по разговорите на профилот на социјалните медиуми ја сподели објавата: „Можно е да се решат сите проблеми, вклучително и Егејот“.

Новинскиот веб портал Хабер Турк во веста под наслов „ЕУ сака да го продолжи позитивното забрзување со Турција“ истакнува дека високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел, по минатонеделната средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се согласиле да се задржи позитивното забрзување во односите меѓу ЕУ и Турција.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Фрлени потписите со Русија“ истакнува дека Турција и Русија постигнаа договор за производство на руската вакцина Спутник V во Турција. Претседателот на фармацевтската индустрија Вискоран, Озтурк Оран рече: "По завршувањето на трансферот на технологија и процедурите во Министерството за здравство, ќе се добие дозвола за употреба на вакцината. Потоа, ќе започне пилот производство во Турција и ќе се премине кон сериско производство“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „19 готвачи ќе ја претстават Турција“ истакнува дека министерството за култура и туризам, избра 19 реномирани турски шефови готвачи за претставување на Турција во странство. На списокот се наоѓа и Сомер Сивриоглу, кој се прочу со програмата „Мастерчеф“, Кемал Демирасал, кој пред да стане готвач, беше професионален сурфер на ветер, касапот Нусрет Ѓокче, кој се прочу со специфичниот начин на ставање сол, Ајлин Јазиџилоглу, позната по своите телевизиски програми за храна во Париз и Арда Туркмен.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „3 илјади тони извоз на чај во 30 земји“ истакнува дека минатата година од Ризе беше остварен извоз на 3.064 тони чај во 30 земји. Во споредба со претходната година, беше постигнат раст од 8 отсто во количината на извоз на чајот и 5 отсто зголемување на вредноста.



Слични вести