Турски печат 25.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1570197
Турски печат 25.01.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Поморскиот патролен авион го оствари својот прв лет за извршување на својата задача“, информира дека поморскиот патролен авион P-72 со број на опашка TCB-751 кој е внесен во инвентарот на Командата на поморските сили вчера го оствари својот прв лет за извршување на својата задача. По остварениот лет за извршување на својата задача министерот за национална одбрана Хулуси Акар, заедно со началникот на Генералштабот генарал на армија Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар го разгледаа авионот.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Министерот Донмез соопшти: Бродот за дупчење Фатих на својата нова станица“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој вчера истакна дека бродот за дупчење „Фатих“ пристигна на својата нова станица за сондажа во лежиштето Туркали-1 во Црното Море. Министерот Фатих Донмез рече: „Нашиот брод по подготовките ќе ги започне своите активности во гласното поле Сакарја. Фатихот (освојувачот) на Црното Море ги продолжува непрекинато своите активности.“

„Трабзон води во извозот на Црноморската област во 2020 година“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека според сумираните податоци од Унијата на извозниците од Источно-црноморската област, во минатата (2020) година од 18 градови во Црноморската област е остварен извоз во висина од 4 милијарди 486 милиони 225 илјади 629 долари. Во оваа реализирана надворешна продажба на прво место се наоѓа градот Трабзон кој обезбедува 24 отсто од извозот на областа и тоа во износ од 1 милијарда 060 милиони 807 илјади 778 долари.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Рачно изработениот тепих на Демирџи тргна кон далекуисточниот пазар“, истакнува дека рачно изработените теписи коишто се произведуваат во населеното место Демирџи кај градот Маниса по внатрешниот пазар и во европските земји почнаа да се испраќаат и на пазарите во Кина и Јапонија.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Месут Озил официјално во Фенербахче“, информира дека турскиот фудбалски клуб Фенербахче соопшти дека е потпишан 3,5 годишен договор со германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил. Жолто-лилјаковата екипа трансферот на Месут Озил го соопшти со насловот „Сонот се оствари.“

 



Слични вести