Турски печат 22.01.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1568798
Турски печат 22.01.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција е меѓу првите 10 земји во светот со најголем број на вакцинирање против Ковид-19“ истакнува дека Турција како од аспект на болничката нега и услуги во епидемискиот процес и борбата против новиот вид на коронавирус Ковид-19, така и од аспект на планирањето на вакцинирањето, продолжува да биде пример за светот. Турција со вакцинацијата против Ковид-19 се најде меѓу првоте 10 земји во светот.

Весникот „Јени шафак“ во веста од наслов  „Важно е да се создаде позитивна атмосфера во односите меѓу Турција и ЕУ“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој во рамките на посетата и средбите во Брисел рече дека „создавањето позитивна атмосфера во односите меѓу Турција и ЕУ е важно, но исто така се  потребни конкретни чекори за да се постигне одржливоста“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Гест од Албанија на Ердоган“ истакнува дека една полифонска музичка група во Албанија компонираше традиционална песна за претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Во песната објавена на Јутјуб се изразува отворената поддршка и придонес на претседателот Ердоган на Албанија, а исто така беа опеани изградбата на станбените објекти по земјотресот во градовите Лач и Курбин како и болницата што треба да се изгради во Фјер.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бајрактар ​​и Анка наскоро над европското небо“ ја објавува изјавата на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој рече дека како резултат на инвестициите особено во последните 5 години, Турција за многу кратко време од аспект на одбранбената индустрија ќе влезе во лигата на гигантите. „Верувам дека наскоро над европското небо ќе имаме можност да ги видиме дроновите Бајрактар ​​Анка кои беа купени од Турција“.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Досега низ ТАНАП протекоа приближно 9,1 милијарди кубни метри гас“ ја објавува изјавата на министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез кој рече дека многу е важна енергетската соработка меѓу Азербејџан и Турција. Во 2020 низ „ТАНАП протекоа 4,9 милијарди кубни метри, а од почетокот досега, вкупно околу 9,1 милијарди кубни метри “.



Слични вести