Турски печат 21.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција

1567996
Турски печат 21.01.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Порака од претседателот Ердоган за 'јазикот' “, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа вчера на церемонијата на доделување на специјалните награди на Министерството за култура и туризам за 2019-2020 година, меѓу другото се осврна и на значењето на јазикот. Претседателот Ердоган: „Народите кои не застануваат во одбрана на својот јазик, не го збогатуваат својот јазик, се осудени да бидат срушени пред ветровите коишто веат исто како и дрвјата со исушени корења.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Готови куќите за добрина на Кизилај во Идлиб“, истакнува дека набрзина завршува изградбата на куќите од брикети коишто се градат од страна на Турција за Сиријците кои бегајќи од судирите во Сирија се иселуваат во Идлиб кадешто водат борба за живот под тешки услови. Од 1.228 куќи од брикети е завршена изградбата на 748 куќи коишто се градат од страна на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во областа Машат во населеното место Сармада, во подрачјето на Идлиб. Овие куќи од брикети од 39 квадратни метри составени од една соба, купатило, тоалет и кујна ќе бидат издржливи против секакви временски услови.

„Патувањето на Турксат 5А продолжува според планираното“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој истакна дека без проблеми се завршени системските тестирања на сателитот Турксат 5А (Türksat 5A). Министерот Адил Караисмаилоглу рече: „Маневрите за издигнување на орбитата и операциите врз сателитот коишто ќе траат приближно 4 месеци, продолжуваат според планираното.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Голема заинтересираност за БИП од тие земји“, информира дека бројот на новите корисници во странство на домашната платформа за комуникација на Турција „БИП“ (BİP) достигна до 8 милиони. Апликацијата „БИП“ (BİP) која на брз начин е пренесена на челните места меѓу најмногу избираните платформи за комуникација во маркетите за апликации, во земјите како што се Бахреин, Бангладеш, Катар, Пакистан, Саудиска Арабија и Оман, оставајќи ги притоа зад себе сите свои конкуренти, се искачи на првото место на Гугл Плеј Стор (Google Play Store). 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Се произведува во Турција, ги засладува устите низ целиот свет“, истакнува дека извозот на зачини на Турција во 2020 година во споредба со претходната 2019 година со раст од 15 отсто се зголеми на 201 милион 735 илјади долари.  На прво место во извозот на зачини од Турција се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) со 29 милиони 743 илјади долари. По оваа земја следуваат Германија со 22 милиони 822 илјади долари и Кина со 8 милиони 941 илјада долари.

 



Слични вести