Турски печат 20.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1567093
Турски печат 20.01.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјави од Ердоган за реформи во економијата и правото“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера ја даде радосната вест дека е дојдено при крај во работите за реформи во економијата и правото и го рече следното: „Дојдено е во фаза на соопштување на јавноста.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „За време на посетата на министерот за национална одбрана на Ербил беа поставени на маса Синџар и Махмур“, пишува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера во градот Ербил во Ирак оствари одделни средби со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак (ИБКЈ или IKBY) Месрур Барзани и со лидерот на Курдската демократска партија (КДП) и поранешен претседател на Регионалната курдска управа на Ирак (ИБКЈ или IKBY) Месуд Барзани. На овие средби, беа поставени на дневен ред делувањето на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето и особено раздвиженоста на оваа терористичка организација во последниот период во Махмур и во Синџар.

„Министерката Пекџан: Изведуваме 10.525 проекти во 128 земји“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која вчера истакна дека  турскиот претприемачки сектор во 128 земји во светот изведува 10.525 проекти во вредност од 418,7 милијарди долари.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Националната фрегата „Истанбул“ на 23 јануари ќе биде спуштена во морето“, информира дека националната фегата на Турција „Истанбул“ ќе биде спуштена во морето на 23 јануари. Фрегатата „Истанбул“ која е првата од фрегатите од „Класата İ“ коишто се произведуваат како продолжеток на Проектот Национален брод (MİLGEM) кој се води од страна на Претседателството за одбранбена индустрија, ќе реализира активности на напредна противвоздушна одбрана и надводно војување, подводно одбранбено војување и други безбедносни задачи.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Истанбулскиот Аеродром стана аеродром со најголем број патници“, истакнува дека Истанбулскиот Аеродром по бројот на патници ги остави зад себе значајните аеродроми на Европа. Истанбулскиот Аеродром со 23,4 милиони патници стана аеродром којшто во 2020 година пречека најголем број патници во Европа.

 



Слични вести