Турски печат 19.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1566316
Турски печат 19.01.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган: Ги реализираме потребните реформи за силно издигнување во економијата“, им одделува место на изјавите коишто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги даде вчера и притоа истакна дека реализираат погодни потфати во секоја сфера од образованието до здравството, од транспортот до енергијата и од индустријата до трговијата. Претседателот Ердоган, меѓу другото рече: „Ги спроведуваме потребните реформи за силно издигнување во економијата, со одлучност ги применуваме политиките коишто ги развиваме. Го активираме потенцијалот на нашата земја со приод фокусиран на инвестирање, производство, раст, вработување и извоз.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавупоглу се состана со Мас“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварената средба вчера во главниот град Анкара со  својот германски колега, министерот за надворешни работи Хеико Мас, говореше на одржаната заедничка прес-конференција. Двајцата шефови на дипломатии, Мевлут Чавушоглу и Хеико Мас, ја истакнаа потребата да се гледа напред, кон иднината, во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и ја нагласија позитивната агенда.

„Спремни сме за секој вид соработка со Ирак во борбата против ПКК“ гласи веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој вчера престојуваше во посета на Ирак и овде истакна дека соработката и координацијата одигруваат многу значајна улога во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Спремни сме за секој вид соработка со Ирак. Нашата единствена цел се безбедноста на нашиот народ, одбраната на нашите граници, животот во мир и просперитет во нашите граници, одбраната на нашите права и интереси.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Завршени се работите во Туркали-1“, информира дека за 77 дена завршија успешно работите во првото утврдено лежиште со длабоко поморско дупчење по пронајдениот природен гас во гасното поле Сакарја, во Црното Море. Бродот за дупчење „Фатих“ во рамките на своите работи коишто ги започна на 5 ноември во лежиштето Туркали-1 изврши дупчење до длабочина од 3.920 метри.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изборот на Англичаните во 2020 година беше повторно Мугла“, пишува дека градот Мугла кој располага со популарни туристички центри, повторно стана најпопуларна адреса за одмор за Англичаните, а благодарение на доверливите и здрави туристички услуги коишто се нудат и покрај пандемијата на новиот тип коронаворус (Ковид-19). Мугла, минатата година ја посетија вкупно  695.314 туристи. Земји од кои се дојдени најголем број туристи редум се Англија со 309.717 туристи, Русија со 159.397, Украина 127.564, Полска 17.424 и Германија со 16.313 туристи.



Слични вести