Турски печат 18.01.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1565454
Турски печат 18.01.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Едни со други се натпреваруваат за да се приближат до Турција“ истакнува дека арапскиот печат и медиуми пишуваат дека „Арапската четворка“ Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет, која го оконча ембаргото врз Катар, се натпреваруваат едни со други за воспоставување блиски односи со Турција. Арапскиот печат истакнува дека Египет и Обединетите Арапски Емирати најавиле дека во блиска иднина може да не преземат ништо спротивно на барањата и интересите на Турција во Либија и дека може да фрлат чекор назад од своите политики кон Либија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Домашниот дрон ќе открива невидливи закани“ истакнува дека Турција како земја која што привлече големо внимание во светот со домашната технологија и националното производство на беспилотни летала (дронови), со додавањето на новиот систем ќе стане земја за којашто уште повеќе ќе се зборува. Системот за извидување, развиен за откривање на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани беше интегриран во дроновите. Системот ќе ја истражува околината за тешки операции и ќе ги открие димензиите на опасноста со мерните информации кои навремено ќе ги испраќа.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Русите го засакаа турскиот лосос“ истакнува дека од минатогодишниот извоз на 10.715 тони црноморски лосос во Русија, беа остварени приходи од 49 милиони 992 илјади 254 долари. Претходната година од извозот на 3.595 тони црноморски лосос во Русија беше остварен профит од 20 милиони 670 илјади 358 долари. На тој начин, извозот на црноморскиот лосос во Русија минатата година во споредба со претходната се зголеми за 198 отсто а од аспект на вредноста за 142 отсто.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Изборот на Бангладеш беше БИП“

По „наметнувањето на новиот договор“ на апликацијата за пораки WhatsApp, силниот интерес за домашната апликација БИП (BIP) ги надмина границите на земјата. Платформата за комуникации и живот на Турција БИП, стана најреферирана апликација на корисниците во Бангладеш. БИП во продавницата за апликации се искачи за 92 скалила.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Месут Озил во Истанбул“ истакнува дека светско познатиот фудбалер Месут Озил кој се одвои од англискиот фудбалски клуб Арсенал, постигна договор со Фенербахче. Озил по доаѓањето во Истанбул рече: „И за мене се остварува еден сон“. Се официјализира трансферот на Месут Озил, чиј пат од страна на жолто-сините навивачи се следи со голема возбуда.



Слични вести