Турски печат 15.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1564036
Турски печат 15.01.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган прими вакцина против коронавирусот“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се вакцинираше против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Градската болница во Анкара. Претседателот Ердоган во дадената изјава по примената вакцина, рече: „Во склопот на нашата програма за вакцинација којашто продолжува успешно досега 254 илјади наши здравствени работници ја примија првата доза вакцина. И јас се приклучив кон нив и се вакцинирав. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) имаме за цел да ги вакцинираме сите наши граѓани.“ Претседателот Ердоган исто така ги повика политичарите да го поттикнуваат народот да се вакцинира. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба: Без поддршката на Турција не беше можно“, им одделува место на изјавите на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кој во врска со ослободувањето и враќањето во своите домови на украинските морнари кои беа приведени во Либија, го рече следното: „Децидно можам да кажам дека без поддршката на нашите турски партнери оваа операција не можеше да резултира успешно.“

„Анализа исполнета со пофалби од Вашингтон тајмс! Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) отвораат епоха...“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека американскиот весник „Вашингтон тајмс“ објави впечатлива анализа во која се раскажува за успехот на турските наоружани беспилотни летала (СИХА). Во оваа нализа се говори за технолошката надвласт на турските беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ кои одиграа голема улога во извојуваната победа на Азербејџан врз Ерменија во Нагорно Карабах. Се истакнува дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) располагаат со силата да можат да го променат текот на сите војни на глобално ниво.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Истанбулскиот  аеродром кандидиран за анкетата 'Најдобрите аеродроми на светот' “, информира дека Истанбулскиот аеродром се натпреварува со другите меѓународни аеродроми на анкетата на „Најдобрите 10 меѓународни аеродроми на светот“ организирана од страна на списанието „Travel and Leisure“ (Патување и одмор). На анкетата на која можат да гласаат читателите на списанието, за гласање треба да се посети интернет адресата „https://wba.m-rr.com/home“ и да се следат понатамошните чекори.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс на врвот на Европа“, пишува дека според објавените податоци од страна на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) како предводничка авиокомпанија (знаменосец) со остварени 543 летови на 13 јануари се искачи на врвот во Европа.  

 



Слични вести