Турски печат 13.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1562495
Турски печат 13.01.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Значајни изјави од Ердоган на состанокот со амбасадорите на ЕУ“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера на состанокот на амбасадорите на Европската унија (ЕУ) упатувајќи повик до Грција, го рече следното: „Ја повикуваме Грција да се откаже од активностите за зголемување на тензијата. Источниот Медитеран треба да го извадиме од простор на конкуренција и да го доведеме во состојба на басен за соработка којшто ќе биде во услуга на нашите долгорочни интереси.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјава во врска со ЕУ од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој на вчерашната средба со амбасадорите на земјите на Европската унија (ЕУ) во Анкара, го рече следното: „Ние сме одлучни во реформската агенда. Европската унија (ЕУ) треба да не поддржи. Ние нашата иднина ја гледаме во Европа и неа сакаме да ја изградиме заедно.“

„Успешно проработи моторот на националниот хеликоптер“ гласи насловот на веста на страниците на денешениот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека по „TS3“ првиот прототип на моторот на националниот хеликоптер „TEI-TS1400“ којшто ќе биде интегриран со првиот домашен хеликоптер за општа намена „Ѓокбеј“ (Gökbey), успешно проработи и моторот „TS4“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Источно-средоземноморската област, магацинот за овошје на Турција, на чело во извозот на цитрусно овошје“, информира дека од Мерсин, Хатај и Адана како градови од кои се реализира 71 отсто од извозот на цитрусно овошје на Турција, е остварена надворешна продажба на цитрусно овошје во износ од 661 милион 787 илјади долари.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Најпрвин Хакан Чалханоглу, сега Јусуф Јазиџи“, истакнува дека турските фудбалери продолжуваат да постигнуваат успеси во Европа. Така по Хакан Чалханоглу кој во Италија во месец декември ја доби наградата фудбалер на месецот, овојпат еден друг успешен турски фудбалер Јусуф Јазиџи се наоѓа на дневниот ред на Франција. Турскиот фудбалер репрезентативец Јусуф Јазиџи, кој го носи дресот на фудбалската екипа Лил во Првата француска лига, од страна на Националната унија на професионалните фудбалери (UNFP) е кандидиран за наградата фудбалер за месец декември. Фудбалерот за месец декември ќе биде избран по пат на гласање преку интернет адресата на Националната унија на професионалните фудбалери (UNFP).



Слични вести