Турски печат 11.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1560995
Турски печат 11.01.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Европската унија(ЕУ) е спремна за продолжување на дијалогот“, информира дека продолжуваат рефлексиите на остварената видео-конференциска средба на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.  Високиот претставник за надворешни работи и социјална политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел соопшти дека се спремни да продолжат да работат за дијалог со Турција. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така рече: „ Со нетрпение очекувам да го посетам Брисел за искрен дијалог фокусиран на резултат.“ Во тие рамки, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се очекува на 21 јануари да го посети Брисел.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција задоволна од одржувањето на изборите во Киргистан во мир и спокојство“, пишува дека Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека се чувствува задоволство од одржувањето во мир и спокојство на предвремените претседателски избори и референдумот во врска со системот на управување во Киргистан. Во соопштението на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Турција, ќе ги поддржува чекорите коишто ќе бидат фрлени во правец на инклузивноста и окончувањето на основа на општествениот компромис во Киргистан.“ Како што е соопштено, според нецелосни резултати на претседателските избори во Киргистан победи премиерот Садир Џапаров кој освои 79,18 отсто од гласовите.

„Одбранбени проекти помеѓу Турција и Украина“ гласи наслвоот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на амбасадорот на Украина во Турција Андриј Сибиха кој истакна дека помеѓу Турција и Украина се водат повеќе од 30 одбранбени проекти. Украинскиот амбасадор Андриј Сибиха подвлече дека неговата земја е една од првите странски земји кои ги купи турските беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2), а воедно го рече следното: „И двете страни, освен производството на украинските мотори во Турција, водат разговори и по прашањето на производството на турските беспилотни летала во Украина.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Индустрискиот извоз годината ја затвори со рекорд“, пишува дека турскиот индустриски сектор избегнувајќи ги негативните влијанија на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во месец декември минатата 2020 година оствари извоз во висина од 13 милијарди 308 милиони 486 илјади долари со што ја долови највисоката надворешна продажба во 2020 година. Извозот на Турција во индустријата, во споредба со месец ноември минатата 2020 година постигна раст од 9 отсто, а во споредба со месец декември 2019 година раст од 15,8 отсто. Најголемиот извоз во декември е остварен во одбранбената и воздухопловната индустрија.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „ЕКСПО во износ од милијарди турски лири конкурент на Холивуд“, информира дека просторот на ЕКСПО во Анталија кој беше изграден за 1,8 милијарди турски лири (приближно 240 милиони долари) е претворен во џиновско плато кое ќе му конкутира на Холивуд. Така акциониот филм „ Five Eyes“ (Пет очи) на познатиот режисер Гај Ричи и познатиот актер Џејсон Стетам ќе биде снимен во Анталија. Актерите за снимање на овој филм во наредните денови ќе дојдат во Анталија. Снимањето на филмот ќе започне на 8 февруари.

 



Слични вести