Турски печат 07.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1558906
Турски печат 07.01.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјава од претседателот Ердоган во врска со ФЕТО“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера одржа заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама кој допатува во официјална посета на Турција. Велејќи дека една од главните точки на дневниот ред на средбата со албанскиот премиер Еди Рама беше борбата против тероризмот и соработката во воената и одбранбената сфера, претседателот Ердоган рече: „Едногласни сме со албанските власти по прашањето на тоа дека (Фетулахистичката терористичка организација) ФЕТО претставува закана од аспект и на двете земји. По тој повод Турција стои покрај Албанија со сите свои надлежни институции, на чело со Фондацијата Маариф на Турција (TMV).“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Соопштение од Министерството за надворешни работи во врска со немирите во САД“, пишува дека откако синоќа протестирачите упаднаа во зградата на Конгресот во Соединетите Американски Држави (САД), во врска со немиритее пристигна соопштение и од Турција. Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се упатува повик до страните за воздржаност и здрав разум и се вели следното: „Со загриженост ги следиме внатрешните случувања во САД кои достигнаа до обид за упад од страна на протестирачите во зградата на Конгресот.“

„Повик од Ерсин Татар до Обединетите нации (ОН)“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар упати повик до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес со отворена мисла да се приближи кон формулата за соработка на островот Кипар, на основа на суверена еднаквост и две држави. 

Весникот Сабах“ во веста под наслов „Министерот Донмез: Нашата обновлива инсталирана моќност достигна до 49.550 мегавати“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој говореше на „Самитот за Сонце“ што се одржа вчера од страна на Здружението на Индустријалците и индустријата на сончева енергија. Министерот Фатих Донмез истакна дека секторот на обновлива енергија излезе зајакнат од процесот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). „Нашата обновлива инсталирана моќност достигна до 49.550 мегавати“ - рече министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Археолошките локалитети во Демре во Анталија минатата година ги посетија 242 илјади лица“, информира дека минатата (2020) година археолошките локалитети во населеното место Демре кај градот Анталија ги посетија 242.787 лица и од тоа беа заработени приходи во износ од 5 милиони 605 илјади 494 турски лири (приближно 770 илјади долари).

 



Слични вести