Турски печат 04.01.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1556717
Турски печат 04.01.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган ќе ја напише приказната на 2021 година“, и одделува место на веста анализа објавена на страниците на угледниот британски весник „Де Гвардијан“ од чија страна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е избран за еден од 12-те лидери кои ќе ја определат „приказната“ на 2021 година, во светот. Во оваа вест анализа посебно се нагласуваат прашањата со Либија и Кавказ во врска со што се изнесува констатацијата дека „Турција, во 2021 година ќе биде повеќе вклучена односно ќе интервенира повеќе во Либија, на Балканот и во Кавказ“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот Сојлу: Кон терористичката организизација во 2020 година се приклучија само 52 лица“, им одделува место на изјавите на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој информира дека приклучувањето кон терористичката организација ПКК во 2020 година изнесува 52 лица, што претставува помалку и од 1984 година кога оваа терористичка организација почна да реализира терористички акции.

„Светот зборува за насловната страница на 'Дер Шпигел' со Угур Шахин и Озлем Туреџи“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека на насловната страниц на првиот број во новата година на „Дер Шпигел“, едниот од најзначајните медиумски институции на Германија, се објавени фотографиите на Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туреџи, основачите на германската биотехнолошка компанија “БиоНТек“ (BionTech) од чија страна е пронајдена вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во врска со оваа насловна страница на „Дер Шпигел“ за којашто зборува целиот свет, не можеше да остане индиферентно и се огласи и турското Министерство за надворешни работи. Министерството за надворешни работи насловната страница на „Дер Шпигел“ ја сподели на својот профил на социјалната медија на англиски јазик и го истакна следното: „Се гордееме од тоа што во овие тешки времиња двајца турски научници презедоа голема одговорност и одиграа значајна улога за целото човештво.“ 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс и покрај епидемијата леташе високо во каргото“, им одделува место на изјавите на претседателот на Управниот одбор и Извршниот комитет на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Илкер Ајџи кој истакна дека и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го зголемија уделот на авиокомпанијата на пазарот на меѓународниот карго превоз. „Во почетокот на 2020 година со карго авиони вршевме услуга во 88 дестинации, додека моментално реализираме операции во 96 дестинации“ - рече Илкер Ајџи, претседателот на Управниот одбор и Извршниот комитет на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).  

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Најголемиот воен брод на Турција ќе гледа со АСЕЛСАН“, пишува дека се завршени тестовите за фабричко прифаќање на Системот за инфрацрвено пребарување и следење ПИРИ (PİRİ) кој е развиен од страна на турската компанија за Воена електронска индустрија АСЕЛСАН за првиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ (TCG Anadolu). ПИРИ-КАТС (PİRİ-KATS), како прв систем за инфрацрвено пребарување и следење во светот којшто функционери со двојни радио бранови, ќе го сочинува едниот од најзначајните системи за утврдување на закана и следење на првиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ при негово укотвување и за време на пловидба. 

 



Слични вести