Турски печат 28.12.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1552923
Турски печат 28.12.2020

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов  „Ќе се сметаа за легитимни цели“ ја објавува изјавата на министерот за  национална одбрана Хулуси Акар кој во врска со изјавата на пучистот Хафтар во Либија насочена против Турција и Турските вооружени сили рече: „Овој воен злосторник, насилник, односно убиец Хафтар и неговите приврзаници треба да разберат дека секој обид за напад врз турските сили, секаде ќе се сметаат за легитимна цел. Во случај да преземат таков потег, треба да знаат дека не ќе можат да најдат место за бегање. Затоа, секој треба да си го собере умот и да биде внимателен“.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Доаѓа домашното и национално торпедо ОРКА за потребите на Сината татковина“ истакнува дека под покровителство на Дирекцијата за национална одбрана при претседателството започна остварувањето на проектот „324 милиметарско торпедо (ОРКА)“ кое ќе биде наменето за потребите на Командата на поморските сили. Главен изведувач на проектот ќе биде турската фирма РОКЕТСАН и на тој начин се предвидува да се заврши надворешната зависност.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Архиепископот на Јужен Кипар Хрисостомос: Ердоган е вистински патриот“ ја објавува изјавата на Архиепископот на Грчката православна црква на Јужен Кипар Хрисостомос II. кој во освртот на дневниот ред, го спомена претседателот Ердоган. Хрисостомос, рече дека „Турскиот лидер Ердоган е вистински патриот бидејќи денес и се одмаздува на Европа која со години ја користеше евтината турска работна сила“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Надмината целта за извоз“ ја објавува изјавата на министерката за трговија Рухсар Пекџан која во објавата на својот профил на социјалните мрежи Твитер рече: „Заклучно 25 декември, нашиот извоз за 2020 година изнесува над 166 милијарди долари и ја надмина предвидената цел на Програмата од 165,9 милијарди долари“.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Сертификатот за безбеден туризам ќе ја обликува сезоната 2021“ истакнува дека Програмата за сертификација за безбеден туризам којашто има ефективна улога во зајакнувањето на имиџот за „здрав и безбеден одмор“ на Турција во светот,  ќе ја обликува туристичката сезона 2021 година. Генералниот директор за промоција на Министерството за култура и туризам Тимучин Ѓулер рече: „Вљубениците на патувањето и патниците пред сè чувствуваат потреба за здрав и безбеден туризам. Програмата за сертифицирање на безбеден туризам на локалните и странските патници им нуди ваква доверба што им е потребна. Сертификатот за безбеден туризам ќе биде одлучувачки фактор за домашните и странските туристи во следната сезона и ќе продолжи да биде, да ја разликува и истакнува нашата земја во областа на туризмот“.

 



Слични вести