Турски печат 25.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1551644
Турски печат 25.12.2020

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Растечката сила и способностите на Турција“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека Турција во перидот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) следи ефикасна политика. Министерот Мевлут Чавушоглу рече: „И покрај пандемијата ја задржавме во наши раце иницијативата во однос на досиеја од витално значење како што се Сирија, Либија, Источниот Медитеран, Кипар и Нагорно Карабах.“ Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција располага со петтата дипломатска мрежа по распространетост во светот и дека Таа исто така е водечка земја и  по прашањето на доставување помош за хуманитарен развој 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Порака од Анкара до Багдад: Сторете го неопходното, или тоа ќе го сториме ние“, информира дека Турција го следи со внимателност процесот за вадење на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од подрачјето на Синџар во Ирак. Пензионираниот бригаден генерал Фахри Еренел кој ја прокоментира неодамнешната остварена посета на ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими на Анкара, го рече следното: „Според мене беше многу значајна посета. Мислам дека Анкара ја даде пораката 'Сторете го неопходното, или тоа ќе го сториме ние'.“

„Вакцините ќе бидат испратени во недела вечер“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека вчера под претседателство на министерот за здравство Фахреттин Коџа се состана Научниот совет за коронавирусот со агенда посветена на вакцината и мутацијата на вирусот. По состанокот, министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека кинеската вакцина кај турскиот човек е со ефикасност од 91,25 отсто, а воедно информира дека вакцините коишто ќе бидат испратени од Кина, ќе тргнат на пат за Турција во недела вечер. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Познати деталите на договорот за вакцината на БионТек“, информира дека како што соопшти министерот за здравство Фахреттин Коџа во Турција ќе пристигне и вакцината произведена од страна на германската биотехнолошка компанија „БионТек“ (BioNTech) на чело со турските научници Угур Шахин и Озлем Туреџи и американската фармацевтска компанија „Фајзер“ (Pfizer). Министерот Фахреттин Коџа информира дека денеска или утре ќе биде потпишан договорот за испраќање на 4,5 милиони дози вакцини на „БионТек“ на Турција, до крајот на месец март. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Резерви на злато од милијарди долари“, пишува дека во населеното место Согут кај градот Билеџик се пронајдени резерви на 3,5 милиони онси злато чија вредност изнесува 6 милијарди долари (приближно 46 милијарди турски лири). Интензивирани се работите за вадење на овие резерви злато и како што се истакнува во рударското лежиште ќе се обезбеди вработување за 1.000 лица.

 



Слични вести