Турски печат 24.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1550966
Турски печат 24.12.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Порака од Ердоган до САД и ЕУ“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека во новата 2021 година ќе биде отворена нова страница со Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ). Претседателот Ердоган појасни дека се очекува од Европската унија (ЕУ) да се оддалечи од стратешкото слепило со коешто се оддалечува себе сѝ од Турција и дека исто така верува оти и новиот претседател на САД Џо Бајден ќе ја покаже потребната претпазливост во турско-американските односи. Претседателот Ердоган го рече следното: „Во наредниот период ќе дојде до полет на Турција и во надворешната политика.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Оруч Реис во водите на Источниот Медитеран“, информира дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“, отплови од пристаништето на Анталија за продолжување на своите активности во Источниот Медитеран. „Оруч Реис“ претходно ги заврши своите дводимензионални сеизмички истражувања во полето Демре по што на 30 ноември се укотви во пристаништето на Анталија и по реализираните рутински работи за одржување и достава на гориво повторно отплови во водите на Источниот Медитеран. Претходно за „Оруч Реис“ беше објавена нова навигациска информација (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“ за продолжување на својата задача во Источниот Медитеран до 15 јуни 2021 година. 

„Дојдено при крај во изградбата на најголемот воен брод на Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека идната година ќе биде спуштен во морето новиот и најголем воен брод на Турција „ТЏГ Анадолу“ (TCG Anadolu). Овој новоизграден турски воен брод ќе биде долг 232 метри и широк 32 метри, а воедно ќе може да носи и 30 воздушни летала како воени авиони, хеликоптери и беспилотни летала. Овој огромен воен брод доколку затреба ќе може да доставува и медицинска поддршка за приближно 1.000 лица, а ќе може да врши задача и како брод болница за време на реализација на операции за хуманитарна помош.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Пристигнуваат домашни литиумски батерии“, пишува дека во период кога интензивно се распространуваат електричните автомобили низ светот постои зголемена побарувачка и од елементот литиум којшто се употребува во производството на батериите за електрични возила. Литиумот којшто се употребува и во производството на батерии за таблети, телефони и мобилни уреди, ќе се употребува и кај батеријата на турскиот домашен автомобил. Во тие рамки, со церемонија на којашто ќе учествува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во сабота ќе биде свечено отворена фабриката на „ЕТИ Маден“ за производство на пилот литиум во градот Ескишехир кадешто ќе се произведува литиум и негови соединенија.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Поддршка од 485 милиони евра од ЕУ за Турција наменета за бегалците“, пишува дека Европската комисија (ЕК) соопшти дека во 2021 година ќе обезбеди фонд во висина од 485 милиони евра, наменет за проектите коишто се водат за поддршка на бегалците во Турција.  Во објавеното соопштение од Европската комисија (ЕК) се истакнува дека со доделувањето на овој фонд ќе бидат обезбедени потребите на 1,8 милиони мигранти (бегалци), а воедно ќе се достави поддршка за образование и на повеќе од 700 илјади деца.

 



Слични вести