Турски печат 23.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1550256
Турски печат 23.12.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Акар: Нашиот сосед продолжува да ги искривува вистините“, информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава во врска со објавените навигациски информации (поморски предупредувачки белешки) „NAVTEX“и од страна на Грција, го рече следното: „Нашиот сосед за три месеци објави 46 NAVTEX'и, и почнувајќи од 1 октомври прогласи вкупно 22 зони за вежби во Егејот и во Источниот Медитеран. Од нив користеше само две. Уште еднаш би сакал да ги потсетам дека сето тоа е во спротивност со добрососедските односи.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Продолжена задачата на Оруч Реис во Источниот Медитеран“, пишува дека е објавена нова навигациска информација (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“ за бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ за зоната кадешто ќе реализира активности во Источниот Медитеран, до 15 јуни 2021 година.

„Домашната вакцина по 25 декември ќе им се врши на доброволци“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека продолжуваат студиите од втората фаза на домашната вакцина којашто е развиена против епидемијата на коронавирусот од страна на Универзитетот Ерџијес во Кајсери. Како што се дознава, вакцината ќе почне да им се врши на доброволци по 25 декември.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Пофалба од Светската здравствена организација (СЗО) за домовите за стари лица во Турција“, пишува дека Светската здравствена организација (СЗО) говореше со пофалби за мерките коишто се преземаат во рамките на борбата против Ковид-19 во домовите за стари лица и нега и рехабилитација на стари лица во Турција, како и за напорите коишто се водат за нега на старите лица. Светската здавствена организација (СЗО) го истакна следното: „Турција, со преземање на неопходните мерки во домовите за стари лица од страна на здравствените работници, ги одбрани своите стари лица од Ковид-19.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Во рударското лежиште на турската фирма пронајдени огромни резерви на злато“, информира дека во рударското лежиште на „Ѓубреташ“ (Gübretaş), партиципиент за земјоделски кредит „Tarım Kredi“ во населеното место Согут кај градот Билеџик, се утврдени резерви на 3,5 милиони онси злато. Генералниот директор на Земјоделските кредитни задруги на Турција и претседател на Управниот одбор на Ѓубреташ Фахреттин Појраз во врска со ова прашање, го рече следното: „Ако тоа го изнесеме преку денешен износ, говориме за вредност од приближно околу 6 милијарди долари.“

 



Слични вести